10/03/2012
Блогерите се изјаснија онлајн за и против филмот на Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“.
Дражен Ремиковиќ и Ивана Јовановиќ за Southeast European Times во Бања Лука, Сараево и Белград -- 10.03.12
![]() Анџелина Џоли присуствуваше на сараевската премиера на својот филм „Во земјата на крвта и медот“. [Харис Мемија/SETimes] |
Премирата на филмот на Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“ предизвика бура реакции низ целиот регион, подгревајќи ја повторно тековната дебата за тоа кои беа жртвите, а кои агресорите за време на конфликтот во Босна и Херцеговина (БиХ) во периодот 1992-1995 година.
Филмот претставува љубовна приказна меѓу Босанка и српски полицаец. Љубовната приказна ненадејно прекинува со почетокот на конлфиктот, но двајцата повторно се среќаваат -- тој како српски полицаец, а таа како затвореничка во концентрационен логор.
Филмот доби пофалби во Сараево, каде што повеќе од 5.000 луѓе присуствуваа на премиерата во салата Зетра. Оттогаш тешко се наоѓаат билети за филмот.
Истиот не беше прикажан во Република Српска. Дистрибутерот на филмови и сопственик на киното во Бања Лука, Владимир Љевак, објасни за SETimes дека немало „доволно интерес меѓу публиката“.
Филмот, исто така, предизвика препирки меѓу многу блогови и форуми за дискусии.
Водачот на Исламската заедница во БиХ Мустафа Чериќ го опиша филмот како „најдобрата работа што й се случи на Босна по Дејтонскиот мировен договор“.
Но, многу српски блогери тврдат дека филмот е пропагандистички и политички. „Веќе дознав за што се работи, во принцип ... филмот е антисрпски“, рече Mилe Шумадинац, ветувајќи дека нема да го гледа.
Некои се чини дека се под влијание на вревата што се крена. „Сé уште не сум го гледал, но според расположението во Сараево, и остатокот од светот, не сум заинтересиран“, рече Веселин Гаталo, Србин од Мостар.
Други сметаат дека реакциите на српските блогери се оправдување за прикажувањето во филмот на конфликтот во БиХ. „Вистината е како прст во око. Секогаш боли многу“, рече Бег Марли.
„Навистина е лудост тоа што филмот не е прикажан низ цела БиХ. Сите тука знаат што се случи за време на војната. Не гледам како некој може да биде лут за историските факти“, рече за SETimes Сараевчанецот Алмир Мудреша, кој го гледал филмот.
Некои, пак, како хрватската писателка Ведрана Рудан, го окарактеризираа филмот -- луто и со вулгарности -- како дел од американскиот заговор.
„Кој нормален човек верува дека Џоли е филмски режисер? Како може една сериозна професија да се навредува вака? ... Но, да се дојде во регионот и да ни се продаде приказната за ,лошите момци’ и ,добриот српски народ’ е многу полесно. Попрецизно, тоа е пожелно“, рече таа.
Блогот на Рудан доби 800 коментари, како и медиумско покривање, што ја поттикна да објави Oтворено писмо до моите читатели, во кое се потруди да го објасни својот став во ублажена верзија на текстот.
Друг писател, Борис Дежуловиќ, ја испитува моќта на перцепциите и истакнува дека само пред неколку месеци, воените ветерани на ФБиХ, верските власти и министерот за култура, говореа против Џоли откако слушнаа дека во филмот е претставено силување.
„Сега ... тие ја наградија со медал ,Златен лилјан“, рече Дежуловиќ.
На премиерата во Белград, присуствуваа само 12 луѓе, а тројца ја напуштија салата на сред проекција.
„Можно ли е да се прикажува еден ваков филм?“, праша Milutin.
Некои српски блогери тврдат дека 12-те гледачи не се доказ за интересот за филмот на Џоли.
„Обично има двајца или тројца посетители на филмските проекции во српските кина. Кината во Србија умреа на почетокот од овој век поради пиратството“, рече Флојд.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's