Блогерите дебатираат за опасност од нови косовски судири

01/10/2011

Многумина бараат мирољубив пристап во односите на Србија со Косово.

Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград -- 01.10.11

photo

Косовските Срби на граничната барикада кај Јариње. [Ројтерс]

Косово уште еднаш е главна тема на јавната дебата што уследи по последните судири кај граничниот премин Јариње оваа недела -- во кој седум Срби и четворица војници на КФОР беа ранети.

Тензиите предизвикаа бројни реакции и коментари додека блогерите дебатираат за тоа како Србија може да ги заштити своите интереси во Косово, истовремено избегнувајќи конфликт.

Повеќето велат дека се против насилство, но некои додаваат дека тензиите се сега зголемени поради проширувањето на КФОР на своите „безбедни зони“ и вршењето проверки на личните карти на возот Краљево-Звечан.

Опозициската Демократска партија на Србија (ДСС) на поранешниот премиер Воислав Коштуница, го сврте вниманието на јавноста -- или така сметаше -- со објавувањето изјава во која го искажа јавното незадоволство, залагајќи се за пауза од актуелната политика.

„Западните сили најпрво ја бомбардираа Србија, а потоа нелегално прогласија независност на Косово. Сега НАТО пука и користи брутална сила против српскиот народ. Не е точно дека НАТО и ЕУЛЕКС се статусно неутрални бидејќи ги користат сите средства и гола сила за воспоставување независна држава Косово“, се вели во изјавата на ДСС.

„Српскиот народ во Косово ја брани својата слобода и своето право да припаѓа на државата Србија, и тоа право НАТО и ЕУЛЕКС не може да му го одземе со сила. Непријателството што НАТО и ЕУЛЕКС го покажуваат бара порешителни чекори од страна на Србија во насока на барање на ЕУЛЕКС веднаш да го напушти Косово, и воспоставување повторно на мисија на ОН, кои единствено имаат таков мандат според резолуцијата 1244 на ОН“, се вели во истата.

Аналитичарот за безбедност Александар Радиќ, пак, изјави за SETimes дека српската влада повеќе нема простор за маневрирање и сé што може да стори е да се бори за некое поволно решение со политички и дипломатски средства.

„Некои радикални фракции може да се надеваат [во спротивното], но по сé она што се случи во минатото не можеме ниту да се закануваме, а камоли да употребуваме сила“, рече Радиќ. „Ескалацијата на косовското прашање претставува последица на запоставување, и никој не пристапил кон проблемот сериозно, сите го користат за политички цели.“

Радиќ ја истакна реалноста дека Србите и Албанците мора да живеат заедно во овој регион, поради што мора да се најде трајно и одржливо решение за косовскиот проблем.

AleksandarII коментира дека изјавата на ДСС покажува „неверојатно лицемерство во ситуација во која српскиот народ во Косово е оставен на милоста на [владата] со премолчено одобрување од српските политичари, вклучувајќи ја тука и опозицијата“.

„Навистина не знам кое е решението за оваа ситуација, но знам дека тоа не е удирањето во гради кога српскиот народ во татковината спие“, рече тој.

Аналитичарот Drago Kovacevic тврди дека обичните косовски Срби ќе ја платат највисоката цена за заземањето став, додека политичарите кои имаат обврска да ги штитат интересите на Србија во Косово ќе бидат нечепнати.

„Се обложувам дека никој од водачите и локалните магнати што ја испланираа целата оваа работа не е повреден, ниту вдиши солзавец и не беше потресен од шок-бомбите. Барикадите изгледаат како патриотска обврска само за обичниот народ. Ниту збор не може да се чуе од ниту еден официјален претставник на Србија, освен од [преговарачот] Борко Стефановиќ и косовскиот министер Оливер Богдановиќ, кои повикуваат на мир и воздржаност“, рече Ковачевиќ.

Поврзани написи

Loading

Тој запраша што е потребно за да се стави крај на агонијата, освен разум? Да се води војна со КФОР е лудост, во најмала рака“.

Но, Anonymous тврди дека Србите треба да учат од историјата.

„Не негувам илузии дека Косово е Србија. Со нашите грешки и лоша политика, големото мнозинство народ во Косово денес се Албанци, кои не сакаат да бидат дел од Србија. Но, исто така, северот од Косово е населен со Срби, кои сакаат да живеат во Србија. Треба да учиме од сопствените грешки, да зачуваме што можеме и еднаш засекогаш да ги дефинираме границите на Србија“, рекоа тие.

Сепак, има некои, како Milan, кои ја сфаќаат рамнотежата на власта на теренот, но не се за избегнување конфликт. „Би отишол во војна, па нека биде што биде. Ова не е првпат и точно е дека тие се посилни, но има нешто што Србите го вреднуваат [толку многу што] би умреле за тоа.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар