Гласањето за Шенген поттикна „Војна за лалињата“

24/09/2011

Романските блогери дискутираат за холандското вето и неочекуваниот одговор од властите во Букурешт.

Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 24.09.11

photo

Властите во Романија остро ја критикуваа одлуката на холандската влада за ставање вето на пристапувањето на Романија и Бугарија. [Ројтерс]

Одлуката на холандската влада во петокот (23-ти септември) за ставање вето на романскиот и бугарскиот пристап во беграничната Шенген област не помина добро во Букурешт.

Споменувајќи го слабиот резултат во борбата против корупцијата, владејачката коалиција во Хаг предупреди дека нема да го поддржи француско-германскиот компромис на планираното пристапување на двете балкански земји.

„Холандската влада е на некој начин заробеник на антиевропската, антиимиграционата агенда на една екстремистичка партија“, рече министерот за надворешни работи, Теодор Баконшчи, алудирајќи на популистичката Партија на слободата, која ја поддржува кревката владина коалиција во Хаг.

Претседателот Трајан Басеску, исто така, остро ја критикуваше одлуката на холандската влада. „Холандија нема аргументи да го оцени пристапувањето на Романија во Шенген областа. Таа е најголем инвеститор во Романија. Ако корупцијата е толку голема, дали Холанѓаните ќе инвестираа 11 милијарди евра во Романија“, рече Басеску во средата, подвлекувајќи дека Романија ги исполни сите технички критериуми за пристапувањето.

Коментарите на Басеску дојдоа набргу откако холандската бизнис заедница во Романија изрази неодобрување на одлуката што ја донесе владата во Хаг и предложи попрактичен пристап, имено сценариото во два чекори предложено од Франција и Германија.

Коинциденција, или не, еден ден откако Холанѓаните рекоа дека ќе кажат „не“ за напорите на двете држави за пристапување во безграничната област, сите холандски камиони што носат лалиња, главички и семиња, беа запрени на романската граница.

Граничната полиција и санитарната агенција тврдат дека цвеќињата носеле „опасна бактерија“. Спорот, познат како „Војна за лалињата“, ги налути некои холандски пратеници кои ја нарекоа практиката „уцена“. Европската заедница објави дека го разгледува прашањето.

„Холандија не нé сака во Шенген областа ... и одеднаш ние не сакаме да ги мирисаме холанските цвеќиња“, вели новинарот Viorel Dobran. „Ниту Финска не нé сака. Што ќе правиме? Побарајте му на Дедо Мраз сметки за подароците во неговата торба, застанете ги ирвасите на границата за да ги иритираме соседните земји откако сите деца таму не ги добиле своите колачи?“, вели тој.

Lucaman не се согласува. „Дали сé се сведува на расположението на Холандија и Финска? Или се работи за некои јасни технички критериуми што се исполнети со големи финансиски трошоци на Романците?“, прашува тој.

Поврзани написи

Loading

„Ако тоа така се прави, тогаш не сакаме да ги мирисаме нивните лалиња. Од овој момент не треба да се грижиме дали ќе се однесуваме грубо пред таквата глупава холандска политика на ниво на европска детска градинка“, тврди тој.

Новинарот Mihai Gotiu тврди дека реакцијата на Романија е неоправдана. „Црвениот картон што го покажа Холандија е моментно едно од последните средства на притисокот што може да ги принуди Романците да станат држава на владеење на правото. Значи, г-дин Басеску и Баконшчи, прво решете ги внатрешните проблеми, потоа покажувајте на Холандија“, препорачува тој, наведувајќи го, како што вели, грешниот правен систем.

Mariusc тврди дека ја нашол вистинската причина зад одлуката на Холандија. „Сметам дека вистинската причина што не сме пожелни во Шенген областа е поврзана со економијата. Приклучувањето на Шенген областа значи слободен проток на стока. Значи, ако произведувам нешто тука во Романија, можам да го продавам без даноци и царински проверки, така што можам полесно да го продавам во странство“, објаснува тој.

На крајот, некои почнуваат да се запрашуваат за влогот на влезот во Шенген областа. „На крајот на краиштата, зошто ни треба Шенген? И онака ја преминуваме границата само со лична карта. Разликата меѓу Шенген и не-Шенген е две минути на царина и околу десетици милиони евра заштеда“, тврди Ribelalu argues.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар