Ќе ги зголеми ли Србија платите и пензиите?

13/08/2010

Додека владата се справува со рецесијата, многу Срби ја губат трпеливоста за тешките животни услови.

Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград -- 13/08/10

photo

Пензионерите не добиле зголемување на пензиите две години по ред. [Никола Барбутов/SETimes]

Економската криза и буџетскиот дефицит што ја зафатија Србија ги оставија пензиите и платите во јавниот сектор на исто ниво две години по ред. Тие треба да се одмрзнат во 2011 година, но некои министри велат дека зголемувањето е можно да се случи порано од тоа.

На состанокот со претставниците на ММФ, кој минатата година й додели заем на земјата од неколку милијарди евра за да й помогне низ тековната криза, министерот за економски и регионален развој, Млаѓан Динкиќ, предложи постепено, околу 4 отсто зголемување на платите и пензиите.

„Длабоко сум убеден дека тоа може да се случи, без голема цена, во последното тримесечје на оваа година, или ќе мора да се случи најдоцна на почетокот од следната година“, рече Динкиќ.

Министерот за труд и социјални прашања, Расим Љајиќ, е повнимателен. Тој вели дека нема расположливи средства за покачување на платите, како и дека се противи на подигнување кредити и зголемување на буџетскиот дефицит за таа цел.

„Ако има економски раст, тоа ќе обезбеди средства за ова. Тогаш никој во владата не може да биде против“, рече Љајиќ.

Блогерите во најголем број жестоко го критикуваат замрзнувањето.

Logicar Panonski го рефлектира честиот став дека средствата за зголемување на платите може да се тргнат настрана ако работодавачите редовно им ги плаќаат сите даноци и социјални придонеси на своите вработени.

„Како можеме сериозно да се справиме со проблемот на неплатените придонеси? Дури и странските претпријатија сега плаќаат половина од платите на сметка, а половина кеш на рака“, пишува тој.

Поврзани написи

Loading

Miki Murga тврди дека купувачката моќ на домаќинствата во Србија драстично се намали. „Претходно купувавме цели лубеници, сега гледам некои луѓе како купуваат половина. Тоа значи дека додека не почнеме да купуваме по парче, сé уште има простор за грабеж!“

На медиумскиот портал Б92, Uca испраќа јасна порака до актуелната влада: „Во последниве две години мојата плата се намали за 100 евра. Не ме интересира зошто! Оваа влада -- никогаш повеќе!“

Друг корисник на Б92, Drako, исто така е разочаран и лут. „Мојата сопруга е магистер по медицина, јас имам диплома по информатички науки“, пишува тој. „Вкупни приходи во јули 2010 година -- 805 евра. Приходи во јули 2008 година -- 1.110 евра.“

Драко вели дека дека му е доста од партиите на власт и „сите останати“. По 20 години политичка драма, пишува тој, „Косово воопшто не ме интересира. Исто така ни националната гордност, достоинство и други приказни за будали ... Јас едноставно сакам да живеам“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар