Блогерите се прашуваат: Дали човечкиот живот има цена?

19/03/2010

Одлуката да му се платат 250.000 евра отштета на семејството на убиениот српски претседател Иван Стамболиќ ги навраќа блогерите на суровоста и репресијата на режимот на Милошевиќ.

Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград --19/03/10

photo

Во 2004 година обвинетите беа судени во Белград за убиството од 2000 година на поранешниот претседател Иван Станболиќ. [Getty Images]

Поранешниот српски претседател и шеф на Комунистичката партија Иван Стамболиќ беше пријавен за исчезнат во 2000 година, непосредно пред да биде соборен Слободан Милошевиќ од власт. Три години подоцна, телото на Стамболиќ беше пронајдено во дупка, покриена со вар.

Судската пресуда потврди дека убиството било нарачано од Милошевиќ, наследникот на Стамболиќ и некогашен близок соработник.

Минатата недела државата му плати на семејството на Стамболиќ 250.000 евра отштета. „Неоспорно е дека сумата не е доволна и дека во некои други европски држави истата би изнесувала неколку милиони. Но, економскиот капацитет на државата моментно не дозволува повеќе“, рече претставникот на Министерството за правда Слободан Хомен.

Блогерите жестоко одговорија на одлуката на државата. На многумина особено им пречи фактот што Социјалистичката партија на Србија, претходно предводена од Милошевиќ, е сега важен дел од владејачката коалиција, заедно со силите кои некогаш се бореа против недемократскиот режим.

„Дури и по оваа пресуда, на некои министри сé уште им виси сликата на Слободан Милошевиќ, докажан убиец, на ѕидовите на канцелариите! Тадиќ, со кого си во коалиција?“, прашува Misa на b92.net.

Bezimena е, исто така, незадоволна од сегашната коалиција на Демократската партија на Тадиќ и социјалистите. „Последиците на церемонијалното помирување меѓу новата Демократска партија и старата Социјалистичка партија на Србија се трупање на неправдата над правдата ... Дали некој забележа дека Зоран Ѓинѓиќ се превртува во својот гроб?“

Intelektualac одбива да живее во држава каде што главните официјални претставници се убиени. „Еј, банана републико, имаш два убиени државници во поновата историја. А цената е само 250.000 евра, од џебовите на невините даночни обврзници? Треба да се срамиш Србијо, секој ден.“

Damir потсетува дека Србија неодамна му плати отштета на семејството на студентот од Њујорк кој беше претепан скоро до смрт, наводно, од страна на српскиот студент Миладин Ковачевиќ, кој потоа избега од САД за да избегне подигнување обвинение. „Оваа држава неодамна плати милиони долари на странски државјанин како отштета за тешки телесни повреди. Она што му се случило на семејството на Стамболиќ е неспоредливо полошо.“

Поврзани написи

Loading

Ivan Cacaj повторува дека режимот на Милошевиќ не му нанесе болка само на семејството на Стамболиќ. „Замислете, кога сите оние на кои Милошевиќ им нанесе физичка, психичка, материјална или некој друг вид штета, се појават... нема да имаме доволно дури и да почнеме да печатиме пари.“

На „Блиц“ Zoran тврди дека државата не требаше да му плаќа отштета на семејството на Стамболиќ со парите на даночните обврзници. „Српските граѓани и даночни обврзници не беа тие што го нарачаа убиството на Стамболиќ и не се одговорни за истото. Оној што го нарачал, организирал и спровел кривичното дело, треба да плати за тоа. По смртта на Милошевиќ остана имот, тука е и имотот на (Милорад Улемек) Легија и неговите злосторници, тој имот треба да се заплени и да се искористи за плаќање на отштетата за семејството на Иван Стамболиќ.“

Пишувајќи на на веб-страницата на РТС, корисникот Anonimus rи потсетува сите за околностите под кои Стамболиќ беше убиен и суровоста на режимот на Милошевиќ.

„Овој човек починал во вар. Не верувам дека некој може да каже нешто добро за Милошевиќ. Затоа ние сме тука каде што сме, бидејќи некои не научија ништо од искуството, а тоа е трагично“, пишува тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар