12/03/2010
Блогерите цврсто застанаа против напорите на владата за намалување на ограничувањата за одгледување Генетски модифицирани организми, во согласност со легислативата на ЕУ.
Од Southeast European Blogger за Southeast European Times -- 12/03/10
![]() Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек одржа предавање на Софискиот универзитет. [Getty Images] |
Актот за Генетски модифицираните организми (ГМО) ги разбранува страстите во Бугарија, поттикнувајќи парламентарни дебати и јавни протести за укинувањето на петгодишната забрана во државата за ГМО.
Во средината на јануари парламентот ги одобри на првата расправа амандманите на Актот за ГМО, предложени од владата на владејачката ГЕРБ, за намалување на ограничувањата за ГМО и нивно усогласување со легислативата на ЕУ.
Сепак, до почетокот на февруари, ГЕРБ се најде под голем притисок на партии од целиот политички спектар -- како и на невладини организации -- во врска со потенцијалните опасности по здравјето од ГМО. Пратениците на опозицискиот Сојуз на демократските сили повикаа на забрана за пробните полиња со ГМО посеви, за виното, пченицата, маслодајната репка и тутунот.
Фатен во тесно, премиерот Бојко Борисов започна кампања против ГМО, додека членовите на неговата влада отидоа во друг правец. Министерот за земјоделство, Мирослав Најденов, дури и гласаше за ведување генетски модифицирана сточна храна во државите на ЕУ во текот на состанокот на Советот на ЕУ.
Како одговор на јавните протести што следеа, Борисов рече на Нова ТВ претходно овој месец дека тој и претседателката на парламентот Цецка Цачева гарантираат оти ГМО нема да смее да излезат од лабораториите, дури и под закана од санкции на ЕУ.
Но, претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек уште повеќе го искомпликува прашањето, за време на неговата посета на Бугарија на 3-ти март, кога рече дека „е многу тешко целосно да се отфрлат ГМО“.
Претседателот Георги Парванов одговори оваа недела, велејќи дека ќе стави вето на секој амандман кој нема да има строги заштити за ГМО. Тој, исто така, рече дека е можно да го повика парламентот да одржи национален референдум за задржување на забраните за ГМО.
Досега пет општини се прогласени за слободни од ГМО од страна на локалните власти. Покрај тоа, генетски модифицираните посеви се забранети во области ан Националната еколошка мрежа и во тампон-зона во радиус од 30 километри околу нив.
Како што правната битка се вжештува, Цачева порача испитување на јавното мислење, кое покажа дека 71 отсто од Бугарите веруваат дека ризиците од ГМО ги надминуваат евентуалните бенефиции. Блогерите скоро едногласно се согласуваат.
Ogy Kovachev сака да ја покаже категоричната позиција на Бугарите кон ГМО. „Живееме во држава во која 70 отсто од земјиштето ги исполнува условите на еколошки чисто земјоделско производство. Еко-земјоделството и еко-туризмот се нашата најпрофитабилна стратегија за развојот.“
Lydmila Saveva и Borislav Sandov тврдат дека јавноста е излажана од владата на „последниот, скандалозен состанок на Парламентарната комисија за животна средина и води пред Актот на ГМО да биде ставен на втора расправа“. Двајцата тврдат дека ниту едно од петте главни барања на јавноста за безбедно содржење ГМО -- кое претходно й биле дадени на Цачева -- не биле земени предвид.
Freedom, Sancho … смета дека посетата на Бузек претставува чин на неоправдан притисок и му препорача на Бузек „да си ја гледа работата ... бидејќи ние не сме загрижени [од неговиот заклучок] дека ГМО помага во борбата против гладот во светот“.
nadia ја искажува колективната вознемиреност што „никој не може да докаже дека ГМО се безопасни. Ако ГМО семињата од „Монсанто“ се користат и се почитува 30-километарскиот заштитен радиус... не мислат ли нашите експерти дека и другите култури ќе бидат погодени? Што ќе се случи со нашите еколошки производи, нашиот јогурт, на кој толку многу се гордееме?“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's