Блогерите даваат мислење за оставките во врска со „фиксниот валутен курс“

05/02/2010

Бугарите се соочени со оставки на економскиот советник на премиерот и други.

Од Balkanblogs за Southeast European Times -- 05/02/10

photo

Премиерот Бојко Борисов. [Getty images]

Три недели откако Румјана Јелева ја повлече својата номинација за комесар на Бугарија во ЕУ -- по што на крајот се откажа од сите свои функции во владата поради силните критики -- оставките влијаат на владата во Софија.

Поранешниот член на парламентот Колио Парамов поднесе оставка од позицијата економски советник на премиерот Бојко Борисов по куса недела на функцијата, која ја презеде на 21-ви јануари. Парамов беше критикуван за загрозување на стабилноста на бугарскиот фиксен валутен курс, како и дека бил агент на безбедносните сили за време на комунистичкиот режим.

„Се повлекувам за да му олеснам на премиерот“, рече тој.

Тој ја обвини централнодесничарската опозициска Сина коалиција за попречување на слободната дебата која е неопходна за време на една економска криза, велејќи дека ситуацијата со високата невработеност и растечкиот долг е „навистина лоша“.

Слично на тоа, Илијан Михов минатата недела објави дека ја замрзнува својата номинација за вицепремиер. Михов требаше да го координира усвојувањето од страна на Бугарија на еврото и апсорпцијата на парите на ЕУ.

Неговата иднина со владата и неговите минати изјави во врска со променливиот фиксен валутен курс на Бугарија предизвикаа широка дебата во бугарска блогосфера. Михов рече: „Откако ќе пристапиме во [еврозоната] ќе биде јасно дека курсот ќе биде задржан, така што не може да има шпекулации за моето потенцијално мешање во фиксниот валутен курс.“

Големо мнозинство бугарски блогери сакаат оставка на Парамов и Михов.

Георги Ангелов и Светлака Костадинова тврдат во Economics Blog дека двајцата советници заминале поради „сугестиите и коментарите поврзани со валутниот одбор. Валутниот одбор функционира добро 12 години и не треба да се чепка.“

Ангелов и Костадинова ги потсетуваат читателите дека „кога Бугарија доживеа голем буџетски дефицит, девалвација и висока инфлација, економијата стагнираше, додека последователните влади останаа на власт само неколку месеци“.

Блогерот jingsmaboab верува дека има подлабока политичка компонента во оставката на Парамов по една недела на функцијата, а тоа е начинот на кој опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) го дискредитираше премиерот. „Борисов ќе добие голем кредибилитет ако ги отстрани сите поранешни агенти на комунистичкиот режим од својот кабинет“, рече тој.

Поврзани написи

Loading

Не е така, рече CBfan -- кој пишува дека „бркањето на Михов е целосен примитивизам и јас не знам зошто сите постојано погрешно го толкуваат она што тој го предлага“. Поставувањето на Михов „на исто ниво со лаењето на Парамов е смешно“, пишува тој.

Don Pereira исто така го брани Михов, додавајќи дека тој се покажал како „брилијантен макроекономист“ и професор на престижното бизнис училиште ИНСЕАД. „Преземањето на функцијата заменик-министер му скрати големи приходи од други области на неговиот професионален живот“, рече тој.

Парламентарецот Marтin Dimitrov се сети на предлогот на Парамов за девалвација на бугарскиот лев на стапка од 1:4 наспрема еврото. „Ваквата стапка ќе ги обезвреднеше парите и заштедите на сите Бугари. Кој испраќа вакви советници?“

Додека Kiro Kompasa „искрено се надева на враќање на Михов“, Добри Божилов верува дека одржувањето на валутниот одбор бара „далеку посериозни мерки кои ние не гледаме дека се преземаат“. Тој препорача владата да стори нешто за „очекуваниот огромен буџетски дефицит, кој е факт, наместо само да објаснува што е тоа“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар