Бугарската јавност се подели околу турската телевизиска програма

18/12/2009

Мислењата се поделени за тоа дали земјата треба да финансира вести на турски јазик на националната телевизија.

Од Balkanblog за Southeast European Times -- 18/12/09

photo

Волен Сидеров, водач на бугарската ултранационалистичка партија Атака. [Getty Images]

Премиерот Бојко Борисов објави дека неговата партија ГЕРБ ќе ја одобри кампањата на ултранационалистичката Атака за укинување на турските вести на Бугарската национална телевизија (БНТ), предизвикувајќи негодувања.

Веќе пет години Атака врши притисок за укинување на десетминутните вести на турски јазик на БНТ, кои се емитуваат од 2000 година. Партијата собра 48 парламентарни потписи потребни за референдум.

Иницијативата предизвика широка дебата и јавноста се подели околу ова прашање.

Шефот на Државната комисија за заштита против дискриминацијата Кемал Ејуп рече дека референдумот би го поделил бугарското општество и би ги ставил на тест етничките односи.

Околу 10 отсто од бугарското население е турско, што ги прави Турците најголема малцинска група.

Пратениците од социјалистичката опозиција велат дека референдумот -- кој може да чини и до 10 милиони евра -- е непотребен. Земјата, тврдат тие, треба да се фокусира на неодложните економски прашања.

Други, како што е десничарскиот Сојуз на демократските сили (УДФ) сака да се додаде неповрзано прашање на референдумот, во врска со плановите за изградба на втора нуклеарна централа во Белене.

Во меѓувреме, прашањето добива меѓународно внимание. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган го повика Борисов да даде објаснување, додека Сојузот на либералите и Демократите за Европа инсистираат на тоа прашањето да се стави на расправа во Европскиот парламент следната година.

„Не сакаме прашањето да се користи против бугарските муслимани или од нивна страна. Затоа ја поддржуваме идејата за решавање на прашањето со референдум, бидејќи тоа е најдемократски начин“, рече Борисов.

Повеќето блогери не се сложуваат со тоа.

Новинарот Ivan Bedrov тврди дека тоа е прашање на толеранција. „Одговорност на политичарите е да иницираат вистински решенија, дури и ако истите мнозинството не ги сака. ...Тие не сакаат да свикаат референдум за и против даноците, бидејќи го знаат резултатот“, пишува тој. Исто така, како принципиелно прашање „БНТ ги користи парите на даночните обврзници, а Турците во Бугарија се, исто така, даночни обврзници“.

Говорејќи за многумина, Димитър тврди дека прашањето е „дали турскиот е официјален јазик. Не е! Точка“. Врз основа на тој факт, тврди тој, „Има приватни телевизиски станици на кои треба да ги емитуваат вестите, а не на националната телевизија.“

Поврзани написи

Loading

Истакнатиот бугарски писател Edvin Sugarev не се согласува, наведувајќи ги другите јазици што се користат на националната телевизија. „Дали е јазикот на знаците официјален? Ако не е, тогаш зошто има вести на јазикот на знаците?“ Одговорот е очигледен -- „само така може да се зачува основното човеково право, правото да се биде информиран“.

За да ја дообјасни поентата, Сугарев додава: „Во Унгарија има вкупно 10.000 Бугари, но тие имаат статус на национално малцинство и објавуваат весник на бугарски јазик со парите од унгарската влада“.

Dian Lane се согласува, но прашува основно прашање: „Што ако секоја етничка група во Бугарија посака да биде претставена во етерот, дали ќе бидат задоволени нивните барања?“

Според поранешниот член на парламентот Borislav Cekov, Бугарија ризикува да им противречи на меѓународните договори што ги потпишала. Но, политичарите направија договор, вели тој -- „во замена за владина поддршка на референдумот, Атака ќе го поддржи скандалозниот владин проект за слободно прислушување на интернет и телефонските комуникации ... и ќе го одвраќа мислењето на јавноста од недостатокот на ефикасна антикризна политика“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар