30/10/2009
Наградуваниот автор Исмаил Кадаре им донесе гордост на Албанците, но некои се прашуваат дали литературата треба да се гледа низ призмата на патриотизмот.
Од Мањола Хала за Southeast European Times во Тирана -- 30/10/09
![]() Исмаил Караде (лево) ја доби ценетата награда Принцот на Астурија за 2009 година. [Getty Images] |
Големата шпанска фондација му го додели еквивалентот на државата на Нобеловата награда за литература, Лауреат за писма Принцот на Астурија, на албанската литературна икона Исмаил Кадаре.
При објавувањето на овогодинешниот победник, фондацијата го нарече Кадаре „врв на албанската литература, кој, без да ги заборави своите корени, ги пречекори границите и се издигна како универзален глас против тоталитаризмот“.
Кадаре (73), кој се смета за водечки есеист и поет на својата нација, живеел во текот на комунистичкиот период во Албанија, борејќи се против тоталитаризмот со своето пишување. Набргу по падот на режимот на Енвер Хоџа во 1990-та, Кадаре побара политички азил во Франција.
Иако неговата улога во албанската култура е неоспорна, и повеќето Албанци се горди на литературните достигнувања на Караде, некои блогери денес рефлектираат едно поголемо филозофско несогласување за тоа што значи последната награда. Тие не се согласуваат околу тоа дали истата претставува признание за албанската култура, дали ја промовира земјата или само ја истакнува литературната вештина на Кадаре.
Alidea го доловува генералното расположение карактеризирајќи го Кадаре како „писател кој направи албанскиот јазик да се чувствува горд“. La_rosee се согласува и дава глас за колективната надеж дека Кадаре наскоро ќе ја добие и Нобеловата награда.
Lulian Kodra е изненаден што Караде ја прифати наградата, бидејќи Шпанија сé уште не го признала Косово и останува жесток противник на нејзината независност. За разлика од тоа, Monda не гледа причина Кадаре да ја отфрли наградата.
Според rruga02, Кадаре заслужува награда бидејќи дал моќен придонес во промовирањето на албанската култура. Тој поглед на литературата го оспорува Arbri09. За овој блогер, пишувањето е уметност, а не форма на односи со јавноста. Нејзината цел не е напредок на политичките позиции или помош во рекламирањето на една земја.
Кадаре е уникатен, пишува Onufri. „Ниту еден друг албански писател не е ниту близу до неговиот гениј ... и покрај тоа што некои мислат дека се“, вели тој, додавајќи дека лично се запознал со него.
Лауреатот на наградата Астурија, вели Онуфру, е „застрашувачки остар мислител, и [во исто време] многу резервирана личност“.
Alproud го сумира широкото мислење. Кадаре, пишува тој, е најпозната албанска литературна фигура во светот, и како таков, претставува скапоцен ресурс.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's