24/07/2009
Во блогосветот се разви вжештена дебата по влезот на Косово во меѓународните финансиски институции.
Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина – 24/07/09
![]() Косовскиот премиер Хашим Тачи (лево), управниот директор на ММФ, Доминик Штраус-Кан (во средината) и косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во седиштето на ММФ во Вашингтон. [Getty Images] |
Светската банка и ММФ го прифатија Косово како член минатиот месец, важен чекор во обезбедувањето на многу потребната меѓународна помош и потврдувањето на независниот статус на Косово.
Шефот на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина, Питер Фејт, ја поздрави веста. „Приемот на Косово во ММФ ќе биде важен чекор за економскиот развој на Косово“. Тој објасни дека „регионалната и светската соработка преку меѓународните институции води до стабилност, благосостојба и помирување“.
Сепак, членството на Косово е контроверзно прашање, со оглед на тоа што Србија и Русија активно лобираат меѓу членовите за отфрлање на напорите на Приштина.
Очекувано, многумина блогери од косовските Албанци беа воодушевени, искажувајќи ги своите мисли во просторот предвиден за коментари на приштинскиот весник Ekspres.
Но, набргу вжештена размена на ставови се појави на белградската Б92. „Значи во ова се претвори ММФ! Позајмувач на пари за сивата економија. Благодарам ММФ!“, пишува MikeC.
„Каква економија?“, прашува d реторички и одговара -- „супермаркети, бензиски пумпи, ресторани и најважно - пералници на автомобили“.
Ian возвраќа истакнувајќи ја големата важност на членството. „[Тоа] ќе им покаже на земјите што се сé уште неодлучни за признавањето на Косово, дека Косово ќе остане, и дека станува дел од секојдневниот живот во меѓународната заедница.“
Не брзајте толку, предупредува Ron. „Сé додека Фејт гарантира дека нема да се случи ништо против [Резолуцијата на ОН] 1244“, српскиот територијален интегритет е зачуван. „Запомнете: 1244 е сé уште валидна. Време е Албанците да почнат да го прифаќаат овој факт!“
Svabo додава: „Околу 5 отсто од парите на ММФ ќе ја видат светлината на денот. Остатокот ќе бидат украдени од косовските арамии што скитаат и ја тероризираат земјата.“
Но, AgimY возвраќа. „Кого Србија го моли за пари оваа недела?“, прашува тој. „ММФ, Светската банка, европските банки, ЕУ ... или сите нив?“
„Србија добива ситна пара“, во споредба со Косово. „Косово е несакано дете на Европа. Не можете да го убиете и не можете да го вратите ... Затоа, преплавете го со тони пари и пофалби“, вели Mike C.
„До сите оние кои го испитуваат Косово“; советува Olf, „зошто не се фокусирате на истите проблеми во Србија?“ Тој додава дека како и Косово и „Србија има многу проблеми [со] корупцијата, организираниот криминал ... има многу работи што треба да се прават во Србија, оставете го Косово“.
Ment нуди многу поумерен став, во кој сите се победници. „Разбирам дека ова не се добри вести за некои кои коментираат на оваа страница ... но јас се надевам дека тие ќе сфатат дека секое подобрување на економијата на Косово со помош од ММФ, најверојатно, ќе биде од корист и за косовските Срби ... особено оние што живеат јужно од Митровица.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's