03/07/2009
Сите, освен 18 косовски Срби одлучија да се вратат на работа во Косовската полициска служба.
Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина -- 03/07/09
![]() Косовската полициска служба во патрола во српската енклава Стрпче во март 2007 година. [Getty Images] |
На крајот од минатиот месец, 307 полицајци од косовските Срби одлучија да го прекинат 16-месечниот бојкот и да се вратат во Косовската полициска служба (КПС) во вторникот (30-ти јуни). Тие ги напуштија своите работни места во знак на протест поради косовското еднострано прогласување независност од Србија во февруари 2008 година. Некои време полицајците добиваа плати и им беа понудени неколку крајни рокови да се вратат на работа.
Конечно, КПС им го постави 30-ти јуни како последен рок на кој треба да се јават на своите места или ќе бидат отпуштени. Останатите 18 полицајци може сé уште да се вратат. Сепак, ако не се вратат, владата планира регрутирање во српската заедница за пополнување на нивните места.
Правната мисија на ЕУ во Косово -- ЕУЛЕКС -- го поздрави враќањето на полицајците и го пофали „професионализмот“ на оние кои останаа на своите позиции и го чуваа законот и редот „и покрај политичкиот притисок“.
Српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ, претходно рече дека се во тек интензивни разговори со мисијата на ЕУЛЕКС.
„Многу сме близу до решение, бидејќи е апсолутно несфатливо Србите на север од Косово да бидат во КПС, а Србите на југ од Ибар да ги напуштат КПС“, рече тој.
Со оглед на големите ризици по безбедноста на југ, Србија може наскоро да ги повика полицајците да се вратат, ако бидат исполнети одредени услови.
„Веќе се согласивме дека полицијата на УНМИК треба да биде во сите полициски станици и подстаници. Близу сме до договор за заменик кој ќе биде претставник на српската заедница, преку кого ќе оди тој команден синџир, преку мисијата ЕУЛЕКС, и јас се надевам дека ќе ги повикаме Србите да се вратат во КПС за многу брзо време“, Б92 ја цитираше изјавата на Богдановиќ.
Блогерите веднаш реагираа.
„Крајниот рок помина! Какви ,интензивни разговори’ и со кого? запраша miri на блогот Б92 на порталот на вести на српскиот премиер.
Kosova-USA коментираше за последиците од враќањето на полицајците под командниот синџир на УНМИК. „На север тие носат полициски униформи на Косово и не ми кажувајте дека тие му одговараат на на полицискиот комесар на УНМИК, бидејќи таков повеќе нема во Косово“, вели тој.
Milan, пак, кој е Србин, смета дека единствено легитимно враќање е под некосовскиот синџир на команда. „Добро завршена работа полицајци!“, пишува тој подбивно. „Можете да се вратите, но во меѓународната командна полиција, а не во полициските сили на една незаконска квази-држава.“
AdamSRB, исто така, се спротивставува на одлуката за враќање. „Секој Србин кој ќе се приклучи на КПС ќе се смета за предавник ... значи тоа нема никогаш да се случи!“
Но, Drenicaku смета дека полицајците од косовските Срби немаат друг избор, освен да се врата. „Тие немаат друг избор“, пишува тој.
Конечно, kosovaman ги одразува косовско-албанските надежи. „Драго ми е што се вративте и се надевам дека сите локални Срби ќе се дистанцираат од старата политика и ќе им се приклучат на косовските институции за да ги заштитат своите права и слободи.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's