05/06/2009
Додека рестораните вршат притисок врз владата да го укине законот, блогерите реагираат.
![]() Блогерите разговараат за новововедената забрана за пушење во Хрватска. [Getty Images] |
Хрватска започна со спроведување на забраната за пушење на јавни места на 6-ти мај. Законот овозможува пушење надвор од објектите -- канцеларии, барови, ресторани и кафулиња -- но не и внатре.
Иако некои работодавачи се рамнодушни во врска со законот, сопствениците на рестораните и баровите се лути, стравувајќи дека ќе ја изгубат клиентелата. Сопствениците на рестораните, наводно, започнале иницијатива за ставање на Хрватска на листата земји кои ги дискриминираат пушачите.
Блогерите се поделени во мислењето, но страсно дискутираат околу ова прашање. Непушачите се среќни, опишувајќи го законот како многу позитивен чекор кон подобрување на здравјето на нацијата, додека пушачите го сметаат за репресивен.
Nepusac го поздравува „најздравниот закон донесен досега“ во Хрватска и предупредува дека тутунската индустрија се „обидува да реагира преку сопствениците на рестораните и баровите“ за промена на законот. Тој смета дека нивниот обид е скандалозен, тврдејќи дека тие „го промовираат стариот мит дека пушењето е нешто што е сосема нормално, додека непушењето не е“. Тој ги повикува сите да го поддржат ставот на владата, кој рефлектира „цивилираност, свесност и социјално здравје“.
Ironman се согласува, велејќи дека законот „не може да се дефинира како дискриминаторски“. Тој ги обвинува „зависниците од пушење“ кои „обично ги игнорираат сите околу себе“. Особено загрижен за здравјето на децата на јавните места, тој пишува „сите знаеме што се случува ако побарате од пушач да изгасне цигара. Само еден од десетмина ќе се согласи“. Сепак, тој има пријатели кои пушат и „се многу толерантни и флексибилни ... инспирација и пример дека ако сакаме нешто, можеме да го постигнеме“.
Телевизискиот новинар Drazen Ilincic пишува дека во обид за наоѓање место „на сонце или под сонцобраните“ непушачите сепак се собираат онаму каде што е пушењето дозволено. „Не мислам дека треба да се обвинуваат непушачите; мислам дека оние што постојано ни наметнуваат правила се оние кои треба да бидат обвинети, вклучително и одлуката што е здраво“, заклучува тој.
LobyM има иновативно решение на својот блог. Таа планира да отвори приватна пушачка зона каде што пушачите ќе може да излегуваат и да уживаат во никотинот без рестрикции.
Политичарот и пушач Nenad Stazic пишува дека сега е граѓанин од втор ред. „Тие се обидуваат да не заштитат од себеси ... кажувајќи ни што да правиме. Зошто тогаш владата не ја забрани тутунската индустрија?“
Друг страстен пушач, Jutarnja Spranja , вели дека пушењето е порок за сиромашните во Хрватска. „Пушењето убива. Што е со холестеролот?“ Тој истакнува дека нема предупредувања на обвивките на хамбургерите. „Ако сме прогласиле војна против цигарите, треба да бидеме доследни ... јас само сакам да ја имам судбината во свои раце ... да одлучам како ќе умрам.“
Televizionar додава хумористична нота. „Некои пушачи беа толку разочарани“, пишува тој, „тие отидоа во Херцеговина за да пушат, како храбриот ... Бранимир Главаш“. Тој се надева дека чкорчињата што Главаш -- член на парламентот кој е во бегство -- ќе ги исфрли откако ќе запали „нема да предизвикаат пожар на границата“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's