Косовските блогери разговараат за посетата на Биден

01/06/2009

Блогерите во Косово го пофалија Џо Биден за поддршката на барањето на нивната земја за суверенитет, додека Србите, пак, се критични.

Од Balkanblogs за Southeast European Times -- 01/06/09

photo

Американскиот заменик-претседател Џо Биден (во средината) беше пречекан од косовскиот претседател Фатмир Сејдиу (лево) и премиерот Хашим Тачи. [Лаура Хасани/SETimes]

Американскиот заменик-претседател, Џо Биден, е добропознат во Косово. Додека беше сенатор, тој се залагаше за поддршка на независноста на Косово. Минатата недела Биден ја посети Приштина и им се обрати на членовите на парламентот.

„Независноста на Косово беше и останува и денес, според мене и според мојата влада, единствената остварлива опција за стабилноста во регионот“, рече тој. „Вашата независност претставува неповратен процес, апсолутно неповратен.“

Иако неговата посета предизвика протести на Србите во Митровица, Биден доби ентузијастички дочек од страна на косовските Албанци. Многумина го фалат за неговиот силен став.

„Ви благодариме г-дин Биден, за силните зборови што ги кажавте денес во Косово“, пишува Gjakova на Telegrafi. „Нека Господ не нé остави никогаш без големите САД.“

„Г-дин Биден е сосема свесен за проблемите во Косово и беше еден од големите луѓе кои го спасија косовскиот народ“, пишува Gafurr Hasani. „Косовскиот народ никогаш нема да го заборави тоа.“ Слично на тоа, Faton на Shqip1 вели дека „Америка е во срцето на Косово бидејќи ја спаси оваа земја“.

Но, Milan, на BalkanInsight, има спротивно мислење. „[Биден] ги повика косовските Срби „да се интегрираат во новото општество, наместо да се потпираат на паралелните структури спонзорирани од Србија“. Па, тогаш зошто тој не ги повика Албанците во периодот 2000-2008 година да се интегрираат со Србија, наместо да се потпираат на паралелните структури спонзорирани од САД?“

Поврзани написи

Loading

Rinor одговара на овој аргумент. „Интегрирањето со Србија ќе значи согласување со она што Србија го направи пред десет години во Косово“, пишува тој. „Тој и целиот Запад го знаат вистинскиот пат до безбедна и мирна Европа.“

Per, на Telegraf, ја поздравува посетата, но не и напорите на косовските водачи да си ја преземат заслугата за истата. Тој ги повикува своите земјаци да покажат дека Косово ја заслужува поддршката што ја добива од Вашингтон.

„Ајде да работиме напорно за да може Америка да биде горда на оваа држава и нејзиниот народ“, советува тој.

„Косово е мала земја, но со искрени желби денес пречека еден прекрасен човек со големо срце“, заклучува Lumturie Ferizaj. Историски гледано, секаде каде што згазнала ногата на американскиот народ, тие таму донеле мир и слобода.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар