15/05/2009
Блогерите се лути поради последниот скандал што го оцрни дипломатскиот кор во Албанија.
Од Balkanblogs за Southeast European Times -- 15/05/09
![]() Полицијата вели дека Хаџиу искористил дипломатски автомобил за да отпатува од Македонија за Турција, носејќи 65 килограми хероин. [Getty Images] |
Висок дипломат од Албанската амбасада во Скопје беше уапсен неодамна од страна на турската полиција под обвинение за шверц со дрога. Агим Хаџиу, втор секретар на амбасадата, наводно, искористил дипломатски автомобил за да отпатува од Македонија преку Бугарија во Турција, носејќи 65 килограми хероин.
Албанското Министерство за надворешни работи го отпушти Хаџиу од неговото дипломатско место, наведувајќи ги како причина „неоправданото занемарување на обврските“.
Ова не е првпат албанската дипломатија да биде вплеткана во случај на трговија со дрога. Не така одамна, италијанската полиција уапси возач од амбасадата на земјата во Рим под исто обвинение. Албанските блогери се гневни.
„Срамно е, но не е изненадување“, пишува Ола на Shekulli Online. „Не може да биде поинаку, со оглед на тоа што целиот дипломатски кор беше уништен и изграден на клиентска база“.
Џири се согласува, додавајќи дека апсењето на еден дипломат не е голема работа. „Што е со другите кои не се фатени??? Тие се секој ден пред вас, арогантни и вообразени ... Тоа се т.н. „шефови“, на кои многумина гледаат со завист.“
Aлбо на Forumi Shqipitar сака построги мерки. „Не е доволно да се отпушти дипломатот. Тој треба да биде екстрадиран во Тирана и да се соочи со јавно судење како пример за сите други“, пишува тој.
„Мислам дека Министерството за надворешни работи треба веднаш да го каже својот став и да го провери дипломатскиот персонал во амбасадите“, предлага Urim Beshello.
Eri, пак, смета дека одговорноста оди сé до врвот. „Како може министерот за надворешни работи да не се срами и да не поднесе оставка? Албанија го изгуби сиот свој кредибилитет во светот“, тврди тој.
Но, Еди не мисли така. „Министерот [Лулзим] Баша нема причина да поднесе оставка“, тврди тој. „Прво, тој не е одговорен за следењето на работата на дипломатите директно; за тоа постои специјален оддел во министерството. Второ, не заборавајте дека министерот е нов и дека овие дипломати се назначени пред него.“
Guri i Kuq ја поддржува владата. „Која е личната вина на премиерот Сали Бериша, кој со нашите гласови стана премиер задолжен за сите овие официјални претставници кои не се регрутирани во последниве четири години?“, прашува тој.
Конечно, Bubi Kacurel апелира до Министерството за надворешни работи. „Не е срамота да признаете дека сте згрешиле во изборот на својот персонал“, пишува тој. „Срамота е кога се обидувате да не измамите велејќи ни дека сте го отпуштиле пред тој да го направи шверцот.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's