Од модна писта до Стразбур

20/03/2009

Политичките амбиции на најмладата ќерка на романскиот претседател Трајан Башеску предизвикуваат негодување меѓу блогерите.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт – 20/03/09

photo

Eлена Башеску. [AФП]

Името на манекенката Елена Башеску буди во главата слики на гламур и луксуз, но не и на политички вештини. Пред една година, ќерката на романскиот претседател јавно погрешно ја изговори множинската форма на имената „успех“, предизвикувајќи потсмев во медиумите. Кога објави дека ќе се кандидари за место во Европскиот парламент (ЕП), реакциите беа брзи и лути.

Алина Мунгиу-Пипиди -- позната политичка аналитичарка која владејачката партија се обидува да ја регрутира за јунските избори и претседател на Романското академско друштво (САР) -- рече дека никогаш нема да ја дели партиската листа со 28-годишната Башеску.

Претседателот Трајан Башеску одговори во интервју дека неговата ќерка „е многу попаметна отколку што мислите“. Во време на вжештена јавна дебата, Елена Башеску во средата (18-ти март) објави дека ја напушта Демократската либерална партија (ПДЛ) за да се кандидира како независен кандидат, но ќе й се врати на партијата по изборите.

Блогерите ги споделуваат своите мисли, кои се многу критични. „Јас немам никаков проблем со Елена Башеску како карактер од [високото] општество. ... Но, имам проблем со Елена Башеску како претставник на новиот бран политичари“, вели Andreea Vasile на блогот Inpolitics.

Поврзани написи

Loading

Mohui се придружува на хорот критичари. „Се прашувам што ќе им каже на колегите европарламентарци? Ќе ги учи ли за модата, чудните фризури и 5-милиметарскиот слој кармин (...)?“, пишува таа.

„Може ли некој да напише нешто за кандидатурата на Елена Башеску на европските избори без да збесне?“, прашува Mihnea Marutza на својот блог. „Мораме да се запрашаме дали таа има политичко искуство и интелектуален капацитет да ја претставува Романија во ЕП.“

Некои не се согласуваат со чувството што преовладува. „Верувам дека Елена има шанси да стане најмладиот романски европарламентарец. Убеден сум дека Елена ќе собере двојно повеќе од потребните 100.000 потписи“, пишува Victor Roncea, постар уредник на весникот Зиуа, на својот блог.

Anne-Marie Blejan, новинар и специјалист за европски прашања, на својот блог вели дека младата Башеску сега ќе си ја одреди сопствената судбина. „Нејзината кандидатура ... ќе й помогне или да стави крај на своите политички амбиции или да ни докаже на сите нас кои ја криткуваме ... дека многу сме згрешиле“, заклучува таа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар