06/02/2009
Албанските блогери дебатираат „за“ и „против“ нивните нови лични карти.
Од Balkanblog заSoutheast European Times -- 06/02/09
![]() Жител на Тирана се фотографира за својата нова лична карта. [Гент Шкулаку/SETimes] |
Кредибилитетот на изминатите избори во Албанија беше нарушен од расправиите околу автентичноста на документите за лична идентификација и избирачките списоци. Новите лични карти, кои владата вети дека ќе почне да ги издава минатата недела, ќе бидат клучен елемент во спроведувањето на европските стандарди за изборите ова лето.
Околу 400 центри беа отворени низ целата земја на 12-ти јануари, за примање на барањата за нови лични карти. Но, процесот не се одвиваше секогаш непречено. Критичарите велат дека властите не биле целосно подготвени за масовниот број луѓе желни да добијат нови лични карти.
Албанските блогери имаат различни мислења за ова прашање. Пишувајќи на Peshku pa ujë, на пример, Horus е убеден дека новите лични карти се еден вид ропство. „Зошто сум принуден како граѓанин да оставам свои лични податоци, како што се отпечатоци од прсти, во државната база на податоци?“, сака да знае тој.
„Кој се плаши да остави отпечатоци од прсти?“, возвраќа Cassandraa. „Само оние кои оставаат отпечатоци од прсти на место на злосторство, никој друг.“
Lefti, пак, смета дека жалбите се иритирачки. „Сега кога процесот е во тек и граѓаните брзаат во долгите редици да добијат нови лични карти, критичарите продолжуваат со својата едноставна работа. Да, многу е лесно да се биде критичен и да се наоѓаат пропусти ваму и таму“, пишува тој.
Многу блогери, исто така, коментираат за одлуката на Министерството за внатрешни работи да им се дозволи на жените да се фотографираат за лична карта со шамии -- но не бурка. Министерството ја спроведе оваа политика по консултациите со албанската муслиманска заедница.
„Косата е основен елемент за идентификација на секоја индивидуа“, пишува shqiptario на Skyscrapercity-forums. „Сé додека сме секуларна држава, правилата треба да се применуваат на ист начин за сите.“
На Peshku pa ujë, as има слично мислење. „Државата е секуларна ... не смее да се дозволува ваков симболизам на фотографиите“, инсистира тој. „И државата треба да обезбеди нова правна рамка за фотографиите на личните карти.“
Касандра, пак, истакнува дека некои западни земји -- како што е Канада -- дозволуваат носење шамии на фотографиите за личните карти, сé додека е покриена само косата. „Со оглед на тоа што лицето нормално може да се види како носи шамија, тука не гледам никаков проблем“, пишува таа.
Последно, но не и најмалку важно, Suela го раскажува својот проблем со процедурата за добивање лична карта. Дваесетипетгодишната блогерка станала инвалид во несреќата пред 11 години. Кога отишла да аплицира за нова лична карта, видела дека канцеларијата за поднесување барање се наоѓа на вториот кат, а лифт немало.
„Има многу постари и болни лица кои чекаат во овие долги редици“, пишува таа. „Не сме сите Тарзан ... не е фер да се добива услуга на ваков недостоинствен начин. Дали француското претпријатие [кое победи на тендерот за спроведување на процесот] дава услуги на ваков начин во својата земја?“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's