Историските избори лекција за демократијата, пишуваат блогерите

07/11/2008

Победата на Барак Обама на претседателските избори во САД наиде на позитивни коментари во регионот.

Од Балканблогс за Southeast European Times – 07/11/08

photo

Демократскиот претседателски кандидат Барак Обама (лево) и неговата сопруга, Мишел (во средината лево), стојат на бината со потпретседателскиот кандидат Џо Биден и неговата сопруга, Џил, за време на прославата по повод победата во вторникот (4-ти ноември) во Чикаго, Илиноис. [Getty Images]

Сите очи беа свртени кон САД оваа недела, додека претседателскиот изборен маратон се ближеше до својот крај. Меѓу блогерите од Југоисточна Европа, доминантно расположение беше оптимизмот, при што многумина ги поздравија двата кандидати заради тоа што дадоа пример за демократскиот процес.

„Барак Обама стана претседател на Соединетите Држави објаснувајќи им на своите сограѓани дека ништо не е невозможно“, пишува Catalin Tolontan, главен уредник на романскиот весник Газета спортурилор, на неговиот блог. Тој, исто така, му даде на говорот на Џон Меккејн во кој тој ја призна победата на Обама, високи оценки. „Трогателно, но силно. [MекКејн] ни одржа лекција од политиката, цивилизацијата и патриотизмот.“

„Постојано се прашувам како овој историски момент може да влијае на нас“, пишува Dozy. „Сега ние треба да одговориме на прашањето: можеме ли?“, додава тој, алудирајќи на слоганот од кампањата на Обама и романските напори за напредок.

Manu гледа во Обама голем оратор и некој кој има „оптимизам кој е или автентичен или добро извежбан“. Од попрактична гледна точка, тој додава: „Она што не интересира сега е дали САД ќе ги укинат визите за романските граѓани“.

Во Хрватска, Davorko Vidovic се потсетува на сликата за паметење на изборната ноќ. „Беше многу трогателно да се гледа еден повозрасен Афроамериканец како плаче додека стои на Тајмс Сквер со смирено достоинство, чувстувајќи го длабоко тоа што со децении беше само сон.“

Поврзани написи

Loading

Иако се опишува себеси како обожавател на Обама, Vidovic чувствува дека Меккејн ја заврши својата кампања воодушевувачки. „Со одговорност и мудрост на државник, тој му честиташе на 44-тиот американски претседател, повикувајќи ги сите Американци да застанат зад него ... Би сакал да ја видам Хрватска и нејзините политичари обединети, без оглед на нивните тесни лични, групни и партиски интереси, способни да ја преземат одговорноста за работата во име на повеќе добро за својата земја и своите граѓани.“

„Барак Обама го одржа својот говор на прифаќање на претседателската функција со инспирација и достоинство, говреше мудро, со историски аргумент кој беше свртен кон иднината. Неговиот говор сигурно носи надеж, не само во САД, туку и низ целиот свет“, пишува Branislav Kovacevic Cole на блоговите на Б92.

Во Албанија, Trebeshina смета дека изборите испраќаат клучна порака. „Нов ветар дува денес во Америка и ние се надеваме дека Обама ќе го одржи своето ветување кон светот“.

„Ова е големината на Америка, зошто е таа најголемата демократија во светот“, пишува Gerrard73 на Gazeta Korrieri. „Обама победи во некои земји кои беа средишта на робството, што е фантастичен парадокс. Некој пред многу години имал сон и тој сон станува стварност.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар