Косовските блогери го поздравија признавањето од страна на Црна Гора и Македонија

17/10/2008

По признавањето на црногорските и македонските водачи на независноста на Косово на почетокот од октомври, косовските блогери воорушевено ја фалат одлуката.

Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина – 17/10/08

photo

Македонија и Црна Гора неодамна го признаа Косово и добија големи пофалби од косовските блогери. [Getty Images]

Еден ден откако Генералното собрание на ОН ја усвои српската резолуција во која се бара Меѓународниот суд на правдата да ја процени законитоста на косовското прогласување независност, приштинската телевизија Коха Вижн јави за признавањето од страна на Македонија и Црна Гора на независноста на Косово.

Косовските медиуми едногласно им кажаа "hvala lijepo" („ви благодариме“) на двете земји и нивните водачи, рефлектирајќи го општото мислење на мнозинството косовски Албанци.

Сепак, во донесувањето на одлуката во ОН, двете земји не сакаа да го навредат Белград. Скопје се воздржа од гласање, додека Подгорица гласаше за српската резолуција. Од поранешните југословенски републики надвор од Србија, само Босна и Херцеговина сé уште не го признала Косово.

Xheki, Албанец од Црна Гора, вели дека ќе го прослави признавањето на Косово од страна на Црна Гора заедно со своите црногорски пријатели.

„Ти благодарам Црна Гора“, пишува Kujtimi од Косово. „Ова се добри вести, но Црна Гора имаше свои интереси [да ја признае независноста на Косово], бидејќи има намера да стане дел од ЕУ“, вели Bekimi од Приштина.

Блогерот Visari им се заблагодарува на Албанците во Македонија и Црна Гора за нивниот придонес во неодамнешните дипломатски победи.

На Коха Вижн (косовска телевизија) македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, рече дека двете земји, Србија и Косово, се важни за неговата земја. Откако Македонија ја призна независноста на Косово, Косово од своја страна го објави своето признавање на уставното име на Македонија во понеделникот.

„Браво Скопје“, извикува Naser Prapashtica, додека Velson пишува: „Македонија, на крајот, ја призна независноста на Косово. Многу сум среќен за ова признавање.“

Поврзани написи

Loading

Црногорскиот министер за надворешни работи, Милан Рочен, рече дека одлуката на Црна Гора за признавање на Косово уследи по позицијата и одлуките на ЕУ.

Како последица на тоа, двете земји се соочија со лутите реакции на Белград и критиките на просрпските граѓани.

Во Подгорица околу 10.000 просрпски демонстранти протестираа против одлуката на владата за признавање на Косово. Демонстрантите викаа „Предавство! Предавство!“ и „Косово е Србија!“. Водачот на опозицијата му даде на премиерот Мило Ѓукановиќ рок од 48 часа да го поништи признавањето на Косово или да распише референдум за ова прашање, објави „Балкан инсајт“.

Блогерите од косовските Албанци, пак, го поздравија Ѓукановиќ. „Браво Мило Ѓукановиќ, за вашата храброст и јасната визија за народот и државата што ја водите“, извика косовскиот блогер Fisi.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар