Албанија на Олимпијадата: Без медали, но со многу дух

05/09/2008

Aлбанските атлетичари го покажаа својот потенцијал во Пекинг, но недостатокот на соодветна спортска програма дома ја остави земјата настрана од подиумите за медали, пишуваат блогерите.

Од Balkanblogs за Southeast European Times -- 05/09/08

photo

Ромела Бегај од Албанија реагира по обидот на натпреварот во кревање товар за жени до 58 килограми, на Олимпијадата во Пекинг. [Getty Images]

Албанците не добија шанса да ја чујат својата химна за време на церемониите на доделување олимписки медали во Пекинг. Земјата испрати 27 спортисти таму, најголем контингент досега, но никој не успеа да застане на подиумот. Неколкумина беа фрустрирачки блиску. Борачот Сахит Призрени имаше потенцијал, но не успеа во осминската рунда со својот казахстански противник, Базар Базаргунев.

Во кревање товар за жени, пак, Ромела Бегај беше шеста. Иако резултатите не беа доволни за да освои медал, таа покажа стил и дух. Откако успешно крена 118 килограми во категоријата до 58 килограми, таа ги изненади судиите и гледачите кога застана на раце славејќи.

На познатиот форум peshku pa uje, блогерот Бленди стави фотографија на сега веќе познатиот потег. И навистина, како што коментира Toni на истиот блог, Бегај имаше добра причина за својот ентузијазам. „Треба да се гордееме со неа. Таа има само 21 година, но е шеста во светот“, пишува Тони.

Arb се согласува. „Таа застана на раце по своето последно кревање -- многу топол чин, и целата публика й честиташе.“ Но на shqipe@ou не му се допаѓа изведбата. „Ми изгледаше претерано“, пишува таа. „Таа не освои злато, а сепак застана на раце. Ми беше жал за неа.“

За друг коментатор, важно е што спортистите дадоа сé од себе. „Комплименти за сите албански атлетичари што учествуваа на Олимпијадата во Пекинг 2008“, пишува Endrjus. „Иако не освоивме медал, ги ценам нивните напори.“

Baba додава: „Овие спортисти се гордост на нашата земја. Тие може да ги достигнат меѓународните стандарди, но секогаш мора да се соочат со назадниот менталитет кој ја зафати нашата влада.“

Поврзани написи

Loading

Исто така на peshku pa uje, Fatos Lubonja жали поради недостатокот на интерес за спортот меѓу албанската младина. Денес во Албанија повеќе нема големи спортисти како Фагу, Руси, Пано, Бонати и Агалиу, пишува авторот. Тоа не е чудно, додава тој, со оглед на тоа што стотици други активности ги привлекуваат албанските млади луѓе.

„Имаме стотици обложувалници, но не и спортски терени, стотици кафулиња, но само неколку сали“, пишува Lubonja, обвинувајќи го за ситуацијата Министерството за култура, туризам и спортови, како и Министерството за образование.

Некои се согласуваат. „Прашањето Lubonja вистински го третира, но јас предвидувам дека со користењето на спортските терени за изградба и недостатокот на инвестиции во спортот за младите, иднината за различни спортови во Албанија ќе биде уште полоша“, пишува Pjerr Thomas.

Интересот на младите за баровите и кафулињата, за разлика од спортовите „има свои корени во грдите модели што ги нудат медиумите“, пишува ThoughtPolice. Медиумите, додава тој, нудат многу малку, или никакви програми што ќе ги охрабрат младите да учествуваат во спортовите како централен дел од својот живот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар