Чудниот случај на д-р Дабиќ

25/07/2008

Лекар, поет, осомничен за воени злосторства и во последно време гуру за „алтернативна медицина“, Радован Караџиќ ги менува идентитетите со очигледна леснотија. Заеднички именител, според блогерите, е жедта за внимание.

Од Balkanblogs за Southeast European Times -- 25/07/08

photo

Осомничениот за воени злосторства Радован Караџиќ живеел јавен живот како д-р Драган Давид Дабиќ, поранешен лекар и некогашен поет. [Архива]

Додека апсењето на осомничениот за воени злосторства Радован Караџиќ доминираше на вестите оваа недела, српските блогери се хипнотизирани од неговиот капацитет за себеизмислување. Човекот обвинет дека ги надгледувал некои од најкрвавите злосторства во поновата европска историја, се покажа дека живеел отворено во Белград сокривајќи се зад идентитетот на експерт за здравје и духовност.

На блогот на Б92 Milan Cirkovic става наслов „Д-р Дабиќ или Како престанав да се грижам и научив да ја сакам квантната енергија“.

„Сега кога дури и Британците ви честитаат за ексцентричноста и пресвртите во заверата, тоа е навистина нешто“, пишува тој. „Ни завидува Тери Гилиам и остатокот на тимот на Монти Пајтон, зашто нешто толку бизарно не би им паднало на памет дури ни ним“.

„Како Питер Селер, кој можеше да ги измисли Мендрејк, претседателот Мафли и лудиот нацист д-р Стренџлав, така и нашиот „херој“ истовремено можеше да биде поетот Караџиќ, крвав воени злосторник и спиритуален лекар Дабиќ -- и кој знае што уште истрагата ќе открие. Неговиот „истражувачки“ аспект е особено фасцинантен“, додава Цирковиќ.

Adam Weisphaut тврди дека „лажговци и надрилекари има насекаде и самото ова не претставува феномен. „Она што е понеобично, додава тој, е тоа што за време на воените години ваквите „псевдо-практики“ беа охрабрени како поддршка за државната политика.“

Поврзани написи

Loading

„Кога човек ќе размисли, сите овие гатачи, турбо православни верници, антиглобалистички активисти и национални работници се една те иста група, така што не е чудно што сите се содржат во д-р Дабиќ. Тој е само логичниот запченик на тркалото“, пишува тој.

Bill Piton гледа на случајот од друг агол. „Има нешто друго, патолошка потреба да се биде во центарот на вниманието“, посочува тој. „Тој ќе умрел ако не станел важна личност.“

Nsarski, конечно, се внурнува во филозофски длабочини. „Шегата настрана, се наметнуваат некои интересни прашања“, пишува тој. „Прво, ако еден човек обвинет за воени злосторства успеал да се претстави како исцелител со квантна енергија, може ли еден исцелител со квантна енергија да стане воен злосторник според вистинските околности на квантнатата историја и социологија? Второ: постои ли квантен исцелител кој се крие во длабочините на една душа на паравоен водач, или обратно? И трето: Само што завршив со читањето на книгата на Докинс Божја илузија и ја избришав од сеќавање. Постои ли светлина на крајот од тунелот?“

Но, за Караџиќ, тунелот води до Хашкиот трибунал, каде што ќе мора да ги исфрли своите лажни имиња и да се соочи со правдата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар