Блогерите пишуваат за ЕГЗИТ 2008 и трагичната смрт на фестивалот

18/07/2008

ЕГЗИТ 2008 помина во сенката на трагедијата која го поттикна блогерите да покренат некои прашања во врска со смртта на оваа девојка.

Од Давор Коњикушиќ за Southeast European Times во Белград – 18/07/08

photo

Српскиот фестивал ЕГЗИТ 2008 доби мешани критики од блогерите. [Давор Коњикушиќ]

Големиот регионален музички настан, фестивалот ЕГЗИТ во северниот српски град Нови Сад, беше нарушен со трагедијата на 13-ти јули. Силниот ветар предизвика паѓање на гранката од една голема липа врз два шатори во кампот на фестивалот. Јелена Матиќ (29) од Параќин, Србија, почина, а двајца други гости од Македонија се здобија со сериозни повреди.

Оваа трагедија скоро целосно го фрли во сенка овогодинешниот фестивал ЕГЗИТ. Блогерите прашуваат кој е одговорен за смртта на младата девојка, бидејќи мајката на Матиќ вели дека никој од организаторите на ЕГЗИТ не упатил сочувство до неа или нејзиното семејство. Други блогери, пак, изразуваат ентузијазам во врска со енергијата или го свртуваат вниманието на некои недостатоци на настанот.

„Тие й се јавија на нејзината мајка во понеделникот, но медиумите постојано ја цитираат како вели дека никој не се јавил ... Јас навистина сметам дека несреќата не можеше да се избегне. Во текот на тој викенд 14 други лица загинаа во несреќи низ цела Србија, но не добија медиумско покривање“, пишува Rande на веб-страница на Блиц.

Коментирајќи за трагедијата на ЕГЗИТ, друг блогер има различно мислење. „Работа на организаторите на ЕГЗИТ и главниот менаџер на фестивалот, Бојан Бошковиќ, е да загарантираат дека никој нема да загине или да биде повреден за време на фестивалот. Тоа беше нивната главна работа.“

Другите блогери претежно го слават ЕГЗИТ како најголема забава на Балканот. Оваа година околу 160.000 луѓе ја посетија тврдината во Нови Сад. Како што изминуваа годините, многу посетители на фестивалот доаѓаат во Србија од Велика Британија и другите западни земји.

„Фестивалот ЕГЗИТ дојде и замина во состојба на целосна среќа: четири дена играње седум до десет часа навечер на музиката на некои од моите најомилени пејачи или диџеи, поврзување со мојата босанска екипа и уживање во слободното време“, вели peacepedaler.

„Ако на некој во Ибица му недостасуваат забавите на отворено, навистина треба да се качи на авион бидејќи на играњето на ЕГЗИТ му недостасуваат само две работи: кров и крај на забавата“ вели EXIT visitor во личниот дневник.

Повеќето блогери уживаа, но некои беа помалку ентузијасти. „Еден фестивал како ЕГЗИТ нема многу што да им понуди на оние со софистициран музички вкус. Тоа станува сé поочигледно секоја година“, вели mojblog blogger .

Повеќето критичари на фестивалот изразија лутина поради високите цени и правот. „Луѓе, скоро ќе умрев од прашина на третата и четвртата вечер од фестивалот. Ми изгледаше како да се спроведува вежба со хемиско оружје за да се види колку може да издржи човековото тело“, се жали bob88.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading