Романската фудбалска ѕвезда очаен поради загубата

27/06/2008

Лошиот удар од пенал на романската фудбалска ѕвезда Адријан Муту на натпреварот на неговиот тим против Италија ги уништи нејзините шанси да оди напред по групата Ц на Еуро 2008. Пишувајќи на својот блог, Муту посака да го врати времето назад.

Од Пол Чикој за Southeast European Times во Букурешт -- 27/06/08

photo

Романскиот напаѓач Адријан Муту реагира на одбраната на неговиот тим на 17-ти јуни против Холандија на Еуро 2008. Романија загуби со 2:0 и испадна од натпреварите. [Getty Images]

На првенството Еуро 2008 Романија играше дефанзивно, но успеа да оствари водство од еден поен пред Франција и Италија пред натпреварот против Холандија. На тимот му требаше јасна победа за да продолжи во четвртфиналињата. Но, загуби, овозможувајќи му на италијанскиот тим на оди напред.

Критичарите жестоко го нападнаа тренерот Виктор Питурка и ѕвездата на тимот Адријан Муту, кој не постигна гол од пенал на претходниот натпревар против Италија. Евентуалниот успешен удар ќе й овозможеше на Романија да оди напред на натпреварот, без оглед на другите резултати во групата Ц.

„Поминаа неколку дена откако се вратив и сé уште посакувам да го вратам времето назад“, пишува Adrian Mutu на својот блог. „Фудбалот е навистина прекрасен, но и болен“, додава тој, признавајќи дека се уште не го „свари“ својот неуспешен удар.

„Една друга работа што не можам да ја разберам е зошто Романците ја имаат оваа луда потреба за наоѓање жртвено јаре“, вели тој. „Најчесто тие забораваат дека фудбалот е тимски спорт за добро и за лошо“, додава тој, удирајќи по „талентираните новинари кои само гледале фудбал, но никогаш не играле“.

Miguel се приклучува на дискусијата. „Не си ти виновен за тоа што Романија не успеа, туку целиот тим [и неговиот] дефетистички менталитет. Не е нереализираниот пенал виновен за излегувањето на Романија од игра, туку неквалитетната игра“, тврди тој.

Florinbudescu пишува: „Немам потреба да наоѓам жртвено јаре. Заинтересиран сум само за тоа да го гледам романскиот фудбал онаму каде што му е местото и сегашната ситуација длабоко ме вознемирува, бидејќи мислам дека романската вредност е повисока од сегашната официјална класификација“.

AlexandruC се обидува да го утеши Муту. „Тимот играше добро заедно. Ти го имаше својот момент на генијалност по кој си познат, кога поентираше против Италија. [Ударот] од пенал беше одбранет, а не нереализиран“. Тој беше одбранет од најдобриот голман на светот“, истакнува тој.

„Не се грижи Муту! Во право си: сите сме разочарани. И ние сме, и ти си, но сите учиме од грешките, додава Replica.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading