Романскиот фудбал во објективот на правдата

16/05/2008

Романскиот фудбал беше во центарот на голем број финансиски скандали, кои не резултираа со ништо повеќе од виртуелни одлуки, но овојпат куферот со 1,7 милиони евра се чини дека започна вистинска истрага на Државниот антикорупциски оддел. Или можеби не, претпоставуваат блогерите.

Од Пол Чиочиу за Southeast European Times во Букурешт – 16/05/08

photo

Обвинителите за корупција го испитуваат претседателот на Стеауа Букурешт, Гиги Бекали. [ПНГ]

Стеауа Букурешт, најпознатиот романски фудбалски тим, беше само еден поен зад ЦФР Клуј во нивната група на националното првенство. Тимот од Клуј требаше да се соочи со друг локален тим, Универзитатеа Клуј, во неговиот последен натпревар оваа сезона. Ако ЦФР Клуј победеше, ќе станеше државен фудбалски шампион за првпат. Влоговите беа големи и менаџерите на Стеауа го знаеја тоа.

На денот на натпреварот обвинителите на Државниот антикорупциски оддел (ДНА) извршија упад во едно кафуле во центарот на Клуј, каде што ги пронајдоа претставниците на Стеауа со торба со 1,7 милиони евра, наменета за играчите на Универзитатеа Клуј, ако го поразат ЦФР Клуј и со тоа ја обезбедуваат титулата за букурешкиот тим, чиј финален натпревар беше чиста формалност. ЦФР го порази У Клуј и ја презеде титулата, но обвинителите на ДНА започнаа истрага за корупција против претседателот на Стеауа Букурешт, Гиги Бекали.

Под насловот „Последното предупредување“, Каталин Толонтан, главен уредник на многу читаниот спортски дневен весник Газета Спортурилор, пишува на својот блог дека истрагата на ДНА „иако била ризична за нејзината репутација, претставува сигнал за фудбалот“. „Каков и да биде нејзиниот крај, ова претставува последно предупредување“, вели спортскиот аналитичар. „Време е парите да престанат да го определуваат првенството ... ова е последна шанса пред фудбалот да се премести во казината“, рече тој.

„Зошто Романската фудбалска федерација (ФРФ) вклучува во своите регулативи забрана против мотивирањето на тимовите со цел да се игра чесно сé додека ова е дозволено во другите првенства?“, пишува Perfect Stranger. „Навистина ли ќе му требаше на У Клуј куфер полн со пари за да го порази ЦФР?“

10Cris се подбива со операцијата на ДНА. „Не е извршено кривично дело ... ДНА требаше да почека некој од У Клуј да ги земе парите. Таа нема ништо. Ова е само трик за да му се покаже на народот колку моќни и зафатени се антикорупционерите“, заклучува тој.

Suporter fotbal (фудбалски поддржувач) повика на правда. „Се надева дека во последен момент правдата ќе биде задоволена во Романија. Стеауа мора да биде испратена во втора лига, а нејзиниот сопственик зад решетки“, пишува тој.

„Акцијата на ДНА е само трик за време на предизборна кампања“, пишува JacK. „Ако романскиот правен систем навистина функционираше, досега ќе имавме барем политичар или бизнисмен во затвор. Но, сите казни се напуштени или никогаш не се изречени.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading