Изборни реформи во Албанија

02/05/2008

Иако се караат околу повеќето прашања, двете најголеми партии во Албанија се сложуваат за една работа -- изборните реформи, кои би можеле да ја зацврстат нивната доминација.

Од Клодјан Сеферај за Southeast European Times во Тирана – 02/05/08

photo

Демократите и социјалистите сакаат промена во гласачкиот систем. [Getty Images]

Напорите на најголемите политички партии во Албанија -- на демократите и социјалистите -- за измени во гласачкиот систем, доведоа до значителни коментари помеѓу блогерите во земјата. Измените вклучуваат воспоставување регионален, пропорционален систем на гласање и усвојување на системот на просто мнозинство, наместо сегашниот три-петтински мнозински систем.

Иако премиерот Сали Бериша и неговиот опозициски колега, Еди Рама, за малку што се согласуваат, тие најдоа заеднички јазик околу потребата за вакви реформи. Скептиците тврдат дека ова не е изненадување: двете најголеми политички партии едноставно сакаат да ја заштитат својата доминација.

„Гледајќи подлабоко на овој договор, јас ќе кажам дека тоа е договор што веќе постои“, пишува Fatos на perpjekja. „Нема корист да се криеме зад прстот. Поминаа години откако нашите партии имаа некаква културна, идеолошка или морална разлика. Веќе со години овие партии им велат на Албанците само дека може да ги претставуваат нивните интереси подобро одошто опозицијата.“

Поврзани написи

Loading

Adrinurellari обвинува дека планираните измени не се погодни за земјата. „Овие реформи не можат да најдат ништо слично во албанскиот контекст. Ова е само потег на двајца водачи на најголеми партии, кои се плашат од плурализам или фрагментираност на политичкиот спектар и преку овој маневар ја обезбедуваат својата трајна политичка доминација во Албанија“, пишува тој. „Смешно е да се слушне аргументот дека поради тоа што Шпанија (нашиот изборен систем го копира шпанскиот) е демократска држава, шпанскиот систем ќе биде добар за Албанија.

На saktivista.blogspot.com, пак, Sol Nocturnus, се жали на, како што смета, бескрајниот период на транзиција во земјата.

Ние сме во транзиција -- сите досега сме го слушнале овој рефрен, млад и стар. Оваа транзиција објаснува сé и е со нас насекаде, добра или лоша, во нашиот секојдневен живот, на работа, дома, на маса, на спиење. Транзиција, транзиција, транзиција ... Но, уште колку време?“, прашува тој.

„Живееме во моментот, и одбиваме да погледнеме назад и да видиме што се случило. Одбиваме да ја видиме иднината и да ја промениме. Живееме во период на непосредност без минато и иднина. Ни треба време за промени и вистината е дека нашата надеж останува новата генерација, оние деца кои играат денес без каква било грешка, без да знаат што било порано, доаѓаат на овој свет“, пишува Sol Nocturnus.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар