Билјана Србљановиќ: Новата градоначалничка на Белград?

18/04/2008

Драматургот и блогер на Б92 Билјана Србљановиќ е во трката на 11-ти мај за градоначалник на српскиот главен град. Нејзините колеги-блогери имаат многу што да кажат за нејзината кандидатура.

Од Жељана Грубишиќ за Southeast European Times – 18/04/08

photo

Билјана Србљановиќ. [EXIT.org]

Српскиот драматург Билјана Србљановиќ, позната по својата отвореност и политичка активност, е кандидат на Либерал-демократската партија, за градоначалник на Белград. Партијата ја опишува како „вистински граѓанин на Европа“, велејќи дека е „подготвена да го стави својот интегритет во политички проект“.

Во изминатите две години, блогот на Србљановиќ на Б92 служеше како средство за нејзините критики на политичката класа. Сега нејзината кандидатура од страна на ЛДП предизвика долга дебата помеѓу нејзините колеги-блогери.

Ceda Urosevic ја поддржува нејзината кандидатура, нудејќи 31 причина зошто Србљановиќ треба да биде следниот градоначалник. Помеѓу другото, тој тврди дека таа ќе „воведе европски норми во животите на белградските граѓани“ и „ќе ја елиминира соработката помеѓу градските власти и магнатите“.

Србљановиќ има нулта толеранција за криминалот и кражбата и „не е демагог, лажга и лицемер“, додава тој.

Но, не се сите убедени во тоа. „Билјана не живее во Белград и ги гледа неговите проблеми од перспектива на нејзиното опкружување, тврди Vracarac. „Нејзе й недостасуваат менаџерски способности, й недостасуваат манири и комуникациски способности, потребни за еден градоначалник на град од 2 милиони жители, како што и самата рече неколку пати досега. Љубовта кон Белград не квалификува никого да биде градоначалник.“

Поврзани написи

Loading

Downgreeter, од друга страна, е ентузијаст. „Се разбира дека ќе гласам за Билјана Србљановиќ. Ќе гласам за неа бидејќи таа е олицетворение на граѓанската акција. Нејзиниот глас е образован, културен, непартиски, кој во текот на годините понуди здрав разум, и покрај сенката што беше фрлена врз неа од страна на „соодветните“ медиуми. Таа е личност кој го крена својот глас за нешто во што верува, надвор од какви било партиски конструкции и без какви било претензии за лична корист. Таа е олицетворение на активен идеалист, легитимен пример за сите што сакаат нивниот глас да биде чуен.“

Colin bgd ги разгледува предностите и негативностите. „Не мислам дека Бил.С. е кандидат што ќе може да ја донесе потребната енергија, особено поради тоа што таа се идентификува со политичка партија која не се разликува од другите партии, ни најмалку ... Второ, да се верува дека некој поседува енергија и способност за промени, најпрво морам да ги видам неговите резултати. Успехот во литературата не претставува критериум за успех во менаџирањето со еден град.“ Од друга страна, тој посочува дека изборот на Србљановиќ би можел да помогне да се стави крај на „кошмарите“ на Белград.

„Дали тоа ќе значи пет нови моста, 500 нови градинки или 50.000 нови градски паркинзи? Ќе видиме. Но, сигурно мораме да започнеме од некаде“, заклучува тој.

Помеѓу другите кандидати се и фаворитите Драган Ѓилас од Демократската партија и Александар Вучиќ од Српската радикална партија, како и Александар Поповиќ од коалицијата на Демократската партија на Србија/Нова Србија. За разлика од претходните избори, градоначалникот нема да биде избран директно од народот на Белград, туку од членовите на локалните собранија избрани од гласачите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар