Поканата за НАТО „победа“ за Албанија

11/04/2008

Блогерите ја поздравија одлуката на Алијансата како пресвртница за оваа балканска земја, истовремено истакнувајќи ги предизвиците што ја очекуваат.

Од Клодјан Сеферај за Southeast European Times – 11/04/08

photo

[Getty Images]

На состанокот во Букурешт минатата недела членовите на НАТО одлучија да им доделат покани на две земји во Југоисточна Европа -- Албанија и Хрватска. За Албанија, која сé уште е потресена од експлозиите на муниција надвор од главниот град, веста за ова претставуваше голем морален поттик.

Сепак, чувството на триумф го амортизира сознанието за предизвиците што ја очекуваат земја. Пишувајќи на shekulli, Aрбен истакнува дека поканата доаѓа со конкретни и неизбежни услови.

„Албанија мора да ги исполни своите обврски со цел да добие полноправно членство во НАТО што е можно поскоро“, пишува Арбен. Покрај ова, додава тој, земјата мора „да ги реализира сите важни реформи што го забрзуваат влезот во ЕУ. Нашата земја ги реши сите овие проблеми.“

Gjovalin Hasani се согласува со потребата за дејствување. „Мораме да мислиме на тоа како да ја направиме Албанија поубава и посигурна земја и како да привлечеме нови инвестиции. „Не можеме да губиме време и да не правиме ништо. Членството на Албанија во ЕУ и НАТО [ќе биде] нашата најголема победа по онаа на 28-ми ноември 1912 година.“

Едно од најсериозните прашања со кои се соочува Албанија е економскиот развој. Пишувајќи на peshkupauje оваа недела, Gre говори за заклучоците на експертскиот тим, предводен од економистот Хернандо де Сото и неговиот Институт за слобода и демократија.

Поврзани написи

Loading

Нарачан од администрацијата на Бериша, во извештајот на тимот на Сото се вели дека 90 отсто од бизнис и имотната сопственост во Албанија се „надвор од законот“ -- формирајќи дел од црната или сивата економија.

Како резултат на тоа, голем број Албанци се наоѓаат надвор од правниот систем и не можат да добијат заеми, да купат осигурување или да ги прошират своите бизнис активности надвор од ограничената мрежа на лични контакти.

„Повеќето Албанци имаат сопственост и бизниси на владин имот“, истакнува Гре. „Околу 92 отсто од Албанците се сметаат себеси за нивни сопственици, но нивната сопственост е нелегална, што значи дека тие не можат да се идентификуваат и немаат соодветна застапеност. Само 19,6 отсто од Албанците имаат право на својата сопственост. Куќите во вредност од 17,1 милијарди американски долари остануваат непродуктивен, мртов капитал.“

Finish коментира: „Имото е НЕИДЕНТИФИКУВАН? Не, не -- имотот е идентификуван, но владата не сака да му го врати на поранешните сопственици. Моќниците го зедоа. Тука ги вклучувам политичарите, кои, исто така, го одзедоа имотот од поранешните сопственици.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's