Комшиќ вели дека кражбата од страна на политичарите мора да престане

21/03/2008

Може ли јавната корупција во БиХ да биде зауздана?

Од Жељана Грубишиќ за Southeast European Times -- 21/03/08

photo

Членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ. [Getty Images]

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Жељко Комшиќ редовно пишува на својот блог за прашањата што ја засегаат земјата. Во последното пишување, тој се осврнува на прашањето на корупцијата -- нешто за кое тој вели дека „навистина ја поткопува БиХ“.

„Вчера потпишав изјава за враќање на украдениот имот бидејќи не сакам да чувствувам срам поради раширеното мислење дека сите политичари во БиХ се крадци. Не сме сите исти и јас не сакам да бидам дел од тој стереотип“, пишува Комшиќ.

Тој повикува на ставање крај на лицемерството во врска со корупцијата. „Општо познато е дека, за повеќето, „валканите пари“ на политичарите доаѓаат од лажните приватизации, наместените тендери и работни места -- како и од организираниот криминал. Јас мислам дека нашето окружно јавно обвинителство покажа неспособност за решавање на ова прашање“, пишува тој.

Комшиќ, исто така, говори во прилог на легислативата предложена од неговата партија, Социјалдемократската партија. Предлог-законот за кој станува збор го отвора патот за запленување имот кој е стекнат со криминални активности.

Иако неговата партија е спонзор, Комшиќ вели дека би ја поддржал мерката без оглед кој ја предложил. „Не поради партијата, туку поради потребата за ваков закон“, пишува тој.

Поврзани написи

Loading

Блогот на Комшиќ привлекува стотици коментари -- некои позитивни, други поскептични. Camus, на пример, го поздравува Комшиќ за давањето „позитивен пример“ на јавност. Во ист стил, Xlady11 пишува: „Г-дине претседателе ... од секоја одлука што ја носите јасно е дека сте за БиХ и БиХ во Европа.“

Но mirnesa, попретпазливо, е загрижен дека иницијативата ќе остане „само на лист“. Друг коментатор, Bobowac, смета дека е премногу згодно што Комшиќ го покренува прашањето „непосредно пред [локалните] избори“.

За zekeriyyah, оваа тема е стара вест. „Веќе три години говорите за одземање на нелегално стекнатиот имот! Сменете ја приказната“, се жали тој.

„Ја поздравувам идејата“ пишува krug114, „но, исто така, сметам дека таа е длабоко УТОПИСКА. Јас мислам дека сите ние сме свесни оти тоа е утопија. Затоа барам одговор на две прашања: 1)Што сакате да постигнете со овој потег? и 2) Дали сметате дека оваа инцијатива ќе донесе некакви резултати и какви?“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар