07/03/2008
Лошо изведениот егзорцизам во еден романски женски манастир, предизвика вжештена дебата за улогата на црквата во модерното општество.
Од Пол Чочиу за Southeast European Times во Букурешт – 07/03/08
![]() Отец Даниел Петру Корогеану (31) беше осуден на седум години затвор за предизвикување смрт на една калуѓерка за време на нејзиниот егзорцизам. Ирина Корничи (23) почина во јуни 2005 година во еден изолиран женски манастир во североисточното романско село Танацу. [Getty Images] |
Смртта на младата калуѓерка Ирина Корничи за време на ритуалот на истерување духови во летото 2005 година, со месеци ги полнеше насловните страници во Романија. Два жестоко спротивставени табори -- еден кој ја осудуваше црквата за средновековни практики, и другиот кој ги бранеше старите христијански ритуали - се судрија во интервјуата во медиумите, ток-шоуата и интернет блоговите.
Претходно оваа година Високиот суд на правдата и казацијата одреди пресуди во случајот. Отец Даниел Корогеану беше осуден на седум години затвор. Опатиците и другите калуѓерки во манастирот каде што Корничи почина добија казни во висина од пет до шест години.
Пресудите повторно покренаа дебата. Во последниот article, отец Јустин Парву -- човекот кој е познат како „Романски духовен отец“ -- ги обвини медиумите и секуларното општество дека го користат случајот за да го нападнат Православието.
„Сите оние новинари кои фрлија камења на него не се заинтересирани лично за Отецот, туку за што се молат тие попови и дека повеќе не треба да го прават тоа“, пишува Парву. „Овие новинари немаат поим што значи христијанин, моралното и теолошкото постоење... Тие се обидуваат да ја удрат колку што може посилно православната традиција, колку што остана од неа во овие делови.“
Коментирајќи на tanacu.blog.com, Дариус ја доведува во прашање оваа линија аргументи. „Апсурдно е да се третира сегашната ситуација како оркестриран медиумски напад. Отец Даниел направи грешка и затоа мора да плати. Ова се законите што важат уште од почетокот на времето и црквата мора да ги преземе ваквите непријатни ситуации. Оној кој смета дека времињата треба да се прилагодат на црквата, а не обратно, греши и е неупатен.“
Друг коментато, Socrate, исто така, се сомнева дека нападот на религијата е вистинското прашање тука. „Ако некој го допре отец Даниел Корогеану, тој не го прави тоа за да го уништи Православието, туку бидејќи [отецот] е човек, и како и секој друг човек, е подложен на грешки и на гревот гордост.“
Коментаторот Силвијан ја зазеде страната на отец Даниел. „Црквата е паралелен свет, во кој се наоѓаме себеси духовно. Тоа е прибежиште. Затоа отец Даниел треба да биде суден од свештенството, а не од лаици.“
„Тогаш, зошто не одиме кај судијата да ни ги прости нашите гревови? Бидејќи ние сме свесни дека кога одиме во црква влегуваме во различен свет и го оставаме другиот зад нас“, заклучува тој.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's