Во Приштина, очите се вперени кон иднината

22/02/2008

Косовското прогласување независност доминираше во вестите од Балканот оваа недела. Во првиот дел од серијата во два дела, даваме преглед на реакциите помеѓу косовските блогери.

Од Balkanblogs за Southeast European Times - 22/02/08

photo

[Getty Images]

Блогерите од целиот Балкан имаа многу што да кажат за косовската декларација на независност и иднината на самопрогласената држава. Помеѓу косовските блогери -- како и голем број во Албанија и меѓународната дијаспора -- расположението е голема мера восхит.

Некои во фокусот ја ставаат листата земји во светот што понудија признавање. Другите ги опишуваат масовните прослави кои се одржаа пред и откако премиерот Хашим Тачи ја прочита гласно прокламацијата на независност.

Kushtrim Xhakli, кој пишува за меѓународните медиуми и технологијата, е еден од најпознатите косовски блогери. „Имавме голема забава сношти“, вели тој во коментарот првично поставен на France 24 Observers. „Луѓето не престанаа да пеат. Многумина плачеа од среќа, мислејчи за сé она што изгубивме во војната. Се боревме силно за оваа независност и ја заслуживме.“

„Се разбира, косовската економија не е брилијантна во моментов. Но, јас сум сигурен во иднината бидејќи имаме многу млади луѓе. Повеќе од 50 отсто од земјата е на возраст под 35 години“, пишува Џакли. „Тие генерално зборуваат англиски, бидејќи живеевме осум години под мандат на ОН и се добро обучени во доменот на новите технологии и интернетот -- 23 отсто од Албанците имаат интернет пристап и развојот е брз. Така, Албанија претставува идеално место за индустриите да ги искористат некои од нивните активности. Тоа се случи во Естонија, која стана прилично силна во доменот на новите технологии по нејзината независност. И ние можеме да го направиме истото.“

„Странските медиуми стравуваат многу дека Србите во Косово ќе бидат гонети, но нема шанси тоа да се случи“, продолжува тој. „Најпрво, бидејќи ние не сме наивни. Не чекавме цело ова време за нашата независност за сега да ја фрлиме, особено кога српското малцинство не претставува проблем. Второ, го потпишавме договорот на Ахтисари.“

За кусо време, новата република се соочи со проблеми, како мали, така и големи, од издавање пасоши до добивање меѓународно признание.

„Со среќа во убедувањето сите во светот да пишуваат „Косова“. Тоа ќе потрае“, коментира GK. И покрај тоа што во декларацијата за независност се вели „Косова“, новинските агенции и меѓународните водачи -- вклучително и оние кои ја признаа земјата -- и понатаму ја користат пораширената форма од името.

Следната недела: ставот на Белград.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading