Aлбанија и НАТО

15/02/2008

Блогерите ги проценуваат изгледите на земјата за добивање покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во април.

Од Клодјан Сеферај за Southeast European Times -- 15/02/08

photo

Албанија беше домаќин на операцијата за заеднички одговор на поморска криза од страна на НАТО и партнерските земји минатата година. [НATO]

Албанија има добри шанси за добивање покана за влез во НАТО во блиска иднина, иако процесот на реформи не се одвива толку брзо како што Алијансата би сакала, сметаат локалните блогери.

Водачите во земјата ја опишаа интеграцијата во НАТО како главен национален приоритет, ветувајќи дека ќе сторат сé за да се исполнат условите. Сепак, партиските судири помеѓу владејачката коалиција на премиерот Сали Бериша и опозициските партии, го забавија темпото и претставниците на НАТО -- меѓу кои и генералниот секретар Јап де Хоп Шефер -- предупредија дека земјата сé уште има работа.

Пишувајќи на peshkupauje, Ll предвидува дека Албанија и покрај сé ќе влезе во НАТО многу брзо. Иако сé уште „ништо не е официјално“, земјата најверојатно ќе добие покана за време на априлскиот самит на Алијансата, верува тој.

Изгледите на Албанија, како и оние на другата членка на Јадранската повелба, Македонија, се зајакнаа со потребата за осигурување на регионалната безбедност, посочуваат блогерите.

„Албанија и Македонија ќе добијат покана само поради КОСОВО, со цел да се создаде стабилен и сигурен регион“, пишува Bledi.

„Јас сум за членство во НАТО -- тука нема сомневање. Дури и да се под стандардите на НАТО, неопходно е тие да влезат во Алијансата заради регионалната безбедност“, продолжува тој.

„Станувањето членка на НАТО е подеднакво техничка и политичка одлука“, посочува L1. „Во случајот на Албанија загриженоста е повеќе политичка, бидејќи технички ние немаме што да додадеме на Алијансата.“

Поврзани написи

Loading

Албанските блогери, исто така, дебатираат за ред други домашни прашања. Едно од нив е приватизацијата на образованието -- особено навалата во комерцијалните институции на високото образование.

Вклучете телевизија или отворете весник и веројатно ќе видите оглас за едно или повеќе од овие новоформирани училишта. На овој тренд со неодобрување гледаат оние кои се загрижени дека образованието се комерцијализира, истакнува Adri.

„Илјадници огласи за различни приватни универзитети се објавени во последниве години во Албанија“, пишува тој. „Фактот дека сите тие се прифатени од народот ги иритира и поттикнува на протести против приватното образование оние многумина вљубеници во државниот образовен систем.“

„Можеби е добро за овој сектор да биде анализиран и спореден со другите европски системи“, продолжува Адри. „Една едноставна и логична анализа на албанската ситуација -- и интерпретацијата на информациите што доаѓаат од Западна и Источна Европа -- ќе ви помогне веднаш да разберете дека паниката околу системот на приватното образование во Албанија е неоправдана, и дека е потребна силна база за идните разговори во врска со ова прашање.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар