Се бара правда во изборот на новиот романски министер во владата

25/01/2008

Романските блогери разговараат за најновите настани во долготрајната борба за власт помеѓу претседателот и премиерот, која овојпат се однесува на изборот на новиот министер за правда.

Од Пол Чиочиу за Southeast European Times во Букурешт - 25/01/08

photo

[SE Times illustration]

Претходно овој месец премиерот Калин Попеску Таричеану ја предложи либералната сенаторка Норика Николаи да го наследи Тудор Чиариу на функцијата министер за правда. Претседателот Трајан Башеску стави вето на номинацијата, наведувајќи го како причина спорното однесување на Николаи додека била на функцијата и лошиот имиџ во јавноста. Башеску тогаш го избра министерот за одбрана, Теодор Мелескану, да биде привремен министер за правда.

Николаи одговори со свикување прес-конференција и вети дека ќе продолжи да се бори за местото.

Блогерите велат дека ако таа имала намера нејзиниот говор да биде трогателен, не успеала во целта. „Предизвикана [и] со желба да предизвика реакција, либералната кандидатка за министер за правда употреби фраза која требаше да ги погоди директно срцата на гледачите и уште една во која таа хипокритички го изнесе својот став за демократијата“, вели во својот блог Cristian Patrasconiu, новинар на Cotidianul.

Николаи, исто така, рече дека Башеску сакал „да го повреди нејзиниот морален квалитет како жена и човек“, но „во овој случај претседателот воопшто не ја повредил жената Норика Николаи“ користејќи очигледно низок јазик, вели Patrasconiu. Тој споменува уште еден дел од говорот на Николаи, каде што таа вели дека се бори за демократија во изминативе 17 години. Patrasconiu вели дека ова е „мошне дискутабилно“.

Patrasconiu вели дека Николаи се спротивставувала на Законот за лустрација, формирањето на Државниот оддел за борба против корупцијата и Државната агенција за интегритет. „Треба ли да преформулираме сега: Дали Норика Николаи се бореше во изминативе 17 години за oригиналната демократија да стане реалност?“

Поврзани написи

Loading

„Скандалот има голем влог, господа“, вели Dante, приклучувајќи се на дебатата. „Ова е изборна година, кога политичарите ги вадат своите мечеви ... и жртвуваат сé за нивните празни амбиции. Норика можеби не е сосема безгрешна, но тоа не беше ниту [поранешната министерка за правда] Моника Маковеи“, која претседателот ревносно ја поддржуваше. „Башеску само неоправдано греши повторно фаќајќи се за некои работи кои, за жал, може да й се препишат на Норика, исто како и на Моника.“

Sarbu S. се нафрла врз Николаи. „Зошто таа и понатаму зборува за професионална компетентност? Сме го виделе тоа: компетентност во опструирањето на секаков обид за демократизација“... „Нејзината дрскост отсекогаш се манифестирала преку вербална агресија. Доста!“, вели тој.

„Таа не можеше да даде доказ во нејзина одбрана, освен нејзините бесрамни лаги и шемите во стилот на Секуритате. Очекував сите обвинувања прецизно да ги оспори“, вели Steluta.

Mando, пак, ја поддржува Николаи. „Морален интегритет? Дали Башеску сака некој безгрешен во Министерството за правда? Имавме млад министер, борец на новата постреволуционерна генерација и тој не беше доволно добар. За жал, овој атрибут не важи за сегашните политичари.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар