„Киклопски“ ѕидови откриени во северна Албанија

24/08/2007

Истражувачки тим кој трагаше по остатоци од отоманската ера, најде нешто многу постаро.

Од Клодјан Сеферај за Southeast European Times -- 24/08/07

photo

Северниот планински дел на Албанија е помеѓу најоддалечените области во Европа. [Проект Долина Шала]

Археолозите кои ги пребаруваа планините во северна Албанија за траги од бегалците од отоманскиот период, беа изненадени кога пронајдоа нешто многу постаро: остатоците од тврдина од Бронзено време, која датира од околу 800 години п.н.е. Ѕидовите се направени од камења спојувани без цемент, со помош на „киклопската“ техника откриена во античкото грчко кралство Микена.

Според Мајкл Галати, американски истражувач кој ја предвореше експедицијата, откритието покажува дека областа, една од најоддалечените во Европа, се користела со илјадници години. Во времето кога е изградена тврдината, илирските кралства биле активни долж Јадранскиот брег, додека Грција излегуваше од раниот среден век. Тимот на Галати вели дека сé уште не е јасно кој живеел таму.

Пишувајќи на peshkupauje, Krasta вели дека има уште многу да се открие. „Навистина многу интересно!“, пишува тој. „Кога ќе копаат во северниот планински дел од Албанија, ќе најдат вистински богатства. На крајот барем се покажа дека сме имале цивилизација стара како и онаа во Микена.“

„Мислам дека голем број теории кои изгледаат како шеги досега за античкото потекло на Албанија, почнаа да изгледаат сериозно!“, додаде Краста.

Berti коментира: „Ова откритие не е воопшто чудно. Ретко е само на албанска почва, но илирски градови од ваков стил од овој период постоеле во Хрватска и Босна и Херцеговина. Првите илирски градови во овој стил пронајдени во Хрватска датираат од 12 век п.н.е.“

„На албанска територија најстарите откриени рушевини датираат од 6-тиот век п.н.е.“, додава тој.

Pjer верува дека античка Илирија „напредувала на ист начин како и земјите околу, да на кажам на повисоко ниво“.

Поврзани написи

Loading

„На крајот на краиштата, Римјаните биле оние што ги носеле своите синови да учат во Илирија (Драч). Ова е сведоштво што римските писатели од тој период ние го дале -- пред 2.000 години.“

На друга тема, Xhulieta пишува за искуството на странските туристи што ја посетуваат Албанија.

„Во Саранда, еден од најпознатите албански туристички градови, можете да најдете многу странски туристи. Некои луѓе се враќаат секоја година за да ги поминат своите одмори во Албанија. Еден турист рече: „Во Албанија најдов места што навистина мора да се посетат, кои можете да ги споредите со други прекрасни места во светот. Има карактеристични градови и ние посетивме неколку стари градови што се навистина импресивни.“

„Во странските медиуми, има голем број лоши информации за Албанија. Ова е една од причините поради која странците се сомневаат дали Албанија е убава земја и дали има добар народ“, заклучува таа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар