10/08/2007
Високиот процент бизнисмени и иселениците-повратници, можеби се причината за првото место на кое се рангираше Албанија, на листата на Светската организација за туризам, посочуваат блогерите.
Од Клодјан Сеферај за Southeast European Times – 10/08/07
![]() Момче си игра со топка на плажа во близина на Драч, на 50 километри оддалеченост од Тирана. Новите статистички податоци покажуваат дека Албанија е на првото место во поглед на заработувачката по турист. [Getty Images] |
Албанија заработува по турист повеќе од која било друга земја во светот, според Светската организација за туризам. Бидејќи економијата на земјата и нејзината туристичка индустрија не се целосно развиени, рангирањето е некако неочекувано. Блогерите на peshkupauje се обидуваат да ја разрешат мистеријата.
„Албанија заработува повеќе за секој турист што влегува во земјата, во спореба со другите земји“, пишува Blendi. „Всушност, иако звучи чудно и може да ве изненади, има земји во светот како Молдавија, Либан и Белорусија што заработуваат повеќе од туризмот отколку рајските острови кои имаат системи без даноци.
„Тоа е можно да се случува бидејќи тука посетителите се претежно бизнисмени и во земјите каде што нема соодветна инфраструктура целите се повисоки“, додава тој.
Penar не е убеден во тоа. „Се согласувам дека туристите од Албанија доаѓаат тука за бизнис и како резултат на тоа трошат повеќе од нормалните туристи. Но, не е ли чудно што висината на парите што туристите што ја посетуваат Албанија ја плаќаат, е трипати повисока од онаа во која било друга земја?“
Можеби проблемот е во премногу лабавото дефинирање на „туризмот“. „Проблемот е во тоа што и албанските емигранти што се враќаат во земјата да ги посетат своите семејства се нарекуваат туристи. Во Албанија нема точни статистички податоци за голем број туристи и нивните приходи“, вели Leon.
Пишувајќи на shekulli, пак, Thano ги анализира неодамнешните политички важни случувања во земјата -- изборот на нов шеф на држава.
„Бамир Топи е новиот претседател на малата Албанија“, истакнува тој. „Мораме да кажеме дека новиот претседател има голем комплекс кој виси над неговото идно политичко однесување бидејќи е производ на договор. Тој треба да ни покаже дека може да го надмине овој комплекс... ако има волја и сила да дејствува како што смета, а не како што ќе му диктира Сали Бериша, шефот на неговата политичка партија, и премиер на земјата.
Marko коментира: „Зар не треба да му дадеме на претседателот одредено време да ни покаже кој е навистина? Нему му треба поддршка. Барем она што не може да го најде кај политичарите, може да го најде кај „слободниот печат“ и албанското општество -- кое сака нов тип претседател, аполитичен и независен од сите.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's