08/06/2007
Турската блогосфера е горе-долу едногласна во врска со правото на земјата да се брани од ПКК, но некои прашуваат дали воениот упад во северен Ирак е најдобрата опција.
Од Ајден Илери за Southeast European Times во Анкарa – 08/06/07
![]() Турските војници одржаа воена вежба оваа недела во градот Чизре, 10 километри од турско-ирачката граница. [Getty Images] |
По неодамнешната експлозија на бомба во еден од најфрекфентните бизнис делови на Анкара, турските блогери дебатираа дали владата треба да започне воена кампања против терористите на Курдистанската работничка партија (ПКК) со бази во северен Ирак.
Блогерите се скоро едногласни во повиците за акција со цел да се неутрализира заканата и да се спречат идните терористички дејства. Сепак, некои се претпазливи во врска со евентуалното воено решение. Започнувањето на кампања во северен Ирак, тврдат тие, ќе доведе до политичка и економска нестабилност во Турција, ако не биде дополнета со економски и политички мерки.
Турција „уште еднаш одговори на најдобар можен начин“, организирајќи состаноци и протести на кои го демонстрираше националното единство, пишува Saydin. „ПКК нема да успее да ја ослабне силата на турската нација.“
D. верува дека е важно да не се брза со дејства без внимателно планирање и разгледување на добрите и лошите страни. „Првата опција треба да биде политичко решение“, пишува тој. „Експертите од регионот треба да го анализираат влијанието на потенцијалната воена кампања.“
Во спротивно, предупредува тој „Турција ќе биде вовлечена во сегашниот неред во Ирак, постојаната војна и вечната нестабилност“.
Според Onurxt, Tурција е веќе во војна. Тој тврди дека владата има капацитети да започне воена кампања во северен Ирак, но се соочува со значителни потешкотии кога станува збор за опфатот на таква кампања.
„Крајната цел се терористите во северен Ирак, и причината за една воена кампања ќе биде тие да се уништат“, пишува Онурхст. „Вистинскиот проблем е да се одреди каде е точно бомбата.“ Покрај нападот на планинските бази, прашува тој, дали турската војска ќе се обиде да влезе во канцелариите на ПКК за да ги уапси нејзините водачи?
„Турција има право да отпочне воени кампањи надвор од своите граници според меѓународниот закон“, инсистира H. Земјата, пишува тој, не треба да се откаже од тоа право и покрај предупредувањата за потенцијално спротивни ефекти врз турско-американските врски.
Сепак, заклучува Х, „Војната треба да биде последната опција.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's