Борба околу претседателското место во Турција

04/05/2007

Блогерите разговараа за значењето на кандидатурата на турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул, за нов шеф на државата.

Од Ајдин Илери за Southeast European Times – 04/05/07

photo

На демонстрациите организирани од страна на невладините организации, илјадници луѓе го поддржаа турскиот секуларизам. [Getty Images]

Политичка криза во врска со тоа кој треба да го наследи претседателот Ахмет Неџдет Сезер ја зафати Турција. Премиерот Реџеп Тајип Ердоган, според широкото очекување, требаше да се кандидира за местото, но тој се соочи со силен отпор од страна на секуларистите и војската. Наместо тоа, неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) го номинираше министерот за надворешни работи, Абдула Ѓул, кој се смета за поумерен, но скандалот продолжи.

Војската упати со остри зборови навестувајќи можна интервенција, огромни протести се одржаа во големите градови, а Републиканската народна партија поднесе жалба до Уставниот суд, обвинувајќи дека првиот круг од гласањето во парламентот за кандидатурата на Ѓул бил неуставен. Судот се согласи и Ердоган одговори со поместување на датумот за парламентарните избори.

„Дали претседателскиот кандидат што го избра АКП е вистинскиот избор за Турција?“, прашува canlicasper. „Дали главната грижа се однесува на личноста и мисијата на Абдула Ѓул, или фактот што неговата жена носи шамија.“

Колку може Ѓул „да придонесе за стабилноста на Републиката?“, додава тој,

Kemaloncu има ироничен став за прашањето, пишувајќи дека Ѓул сигурно ќе й помогне на Турција „подобро да се промовира себеси во западниот свет“. Најпосле, зарем не покрена една неговата сопруга судска постапка пред Европскиот суд за човекови права поради шамиите? Контроверзностите како оваа сигурно ќе ја држат Турција во меѓународните наслови, посочува тој.

Земјата „не можеше подобро да се рекламира себеси дури и да платеше милиони долари“, заклучува Kemaloncu.

Halifie го поддржува Ѓул за претседател, инсистирајќи на тоа дека основните принципи на републиката, вклучувајќи го и секуларизмот, не се загрозени. „Не е можно да се донесе шеријатот во Турција. Турција нема да го дозволи тоа“, пишува тој. „Без оглед на шамијата на неговата сопруга, Ѓул ќе ја води чесно земјата.“

Покрај тоа, продолжува Halifie, оние кои се обидуваат да ја блокираат кандидатурата треба да размислат за значењето на демократијата. „Вистинска демократија“ не е онаа каде што секогаш победува истата идеологија.

Дали Ѓул навистина го претставува поумерениот глас во АКП? Sizmirk не мисли така. „Единствената разлика помеѓу Ердоган и Ѓул е во нивните имиња“, тврди тој. „Ѓул и Ердоган имаат иста цел, ист поглед и исти мисли.“

Поврзани написи

Loading

Според Сизмирк, секуларистите треба да ја испитаат својата сопствена улога во предизвикувањето на сегашната ситуација. „Тие не се оградија од внатрешните битки за власт“, пишува тој. „Тие не ги ставија интересите на својата земја над борбите за политичка моќ и и тие излегоа од трката вклучувајќи се во полемика.“

Изгледите за доминација на АКП претставува повик за будење, и следните избори ќе покажат дали секуларните партии му обрнаа внимание, заклучува Simzirk.

Најпосле, Sophia ги обвинува турските медиуми „за давање неважни избори и прикривање на главните прашања, и за концентрирање единствено на името на кандидатот како да ќе направи разлика ако кандидатот е Ѓул, Чубукчу или Ајдин“

Важно е „дека кандидатот треба да биде лојален заштитник на принципите на Ататурк, секуларизмот и Републиката“, пишува таа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар