Да се пуши или не?

02/02/2007

Романските пушачи се на нозе во врска со рестрикциите инспирирани од ЕУ. Некои блогери дури повикуваат на формирање невладина организација за нивна заштита од дискриминација.

Од Паул Киокиу за Southeast European Times во Букурешт – 02/02/07

photo

Пушењето беше забрането на голем број јавни места во Романија поради регулативите на ЕУ. [Getty Images]

Со воведувањето на забраната за пушење во возивите, болниците и клиниките, перспективата на оние кои уживаат во оваа навика не изледа добро. Неодамнешните шпекулации во печатот дека пушачите би можеле да имаат тешкотии да најдат работа во блиска иднина уште повеќе ја разгоре дебатата.

„Се согласувам дека пушењето е штетно за моето здравје и оние околу мене (пораката на денешните кутии цигари) и јас се согласувам дека чадот од цигарите мора да се чува настрана од непушачите. Точка.“, вели The Simple Woman.

„Драго ми е што сте се откажале од пушењето и ви честитам. Добри се напорите што ги правите за да ги информирате другите во врска со ризиците од пушењето. За пофалба е да се биде вклучен во создавањето на подобар свет и да се дели искуството со другите луѓе. Не пушете во моја близина е оправдано барање од страна на еден непушач.“

„Но, да расчистиме една работа, а тоа е каде завршува вашиот мандат. Кога ќе ми речете „Престанете со пушењето!“, вие влегувате нелегално во мојата лична сфера. Тоа е непобаран совет и упад“, заклучува таа, барајќи формирање на невладина организација на пушачи.

„Имам една теорија за ,новото православие’, коментира Ilinca. „Сé започна со политичка коректност и на крајот ќе заврши, за жал, со ,диктаторство’ на ,што може’ и ,што не може’. За 3 до 5 години ќе бидеме отпадници од општеството бидејќи пушиме! Маргинализирани, анатемисани, како оние кои не вежбаат редовно или не читаат списанија за скапа мода. Сметам дека треба да формираме невладина организација додека судот сé уште ни дозволува.“

Поврзани написи

Loading

„Да се пуши или да не се пуши, прашање е сега“, парафразира Partizanu’ (Партизанот). „Ја бирам првата опција. Новите мајтапења на Запад веќе традиционално се копираат и применуваат во Романија. Имам пријател кој по некоја случајост е менаџер на мултинационално претпријатие и веќе добива инструкции повеќе да не вработува пушачи.“

„Кому му е гајле ако некој оди зад фабриката која е надвор од Букурешт и испуши цигара? На крајот на краиштата, ова е Балкан“, пишува тој.

„Да не се вработи некој на оваа основа е навистина апсурдно. Тоа ги отвора вратите за слични мерки, да не се вработуваат оние кои се премногу дебели или слаби, а да зборуваме за Е (хемиски додатоци на храната) консументите. Потоа доаѓаат на ред и консументите на алкохол, кафе и, зошто да не, месо“, предвидува Irina.

Сепак, таа признава дека забраната за пушење на јавни места обесхрабрува и ја намалува веројатноста младите генерации да ја прифатат оваа смртоносна навика.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар