Со завршувањето на изборите во Србија, започна пазарењето

26/01/2007

Блогерите даваат оценка за исходот од изборите на 21-ви јануари и ги разгледуваат можните сценарија за новата влада.

Од Balkanblogs за Southeast European Times – 26/01/07

photo

Ружица Ѓинѓиќ, вдовицата на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, и српскиот претседател Борис Тадиќ го поздравуваат народот на митингот пред парламентарните избори во Србија на 21-ви јануари. Демократската партија (ДС) на Тадиќ се надева дека ќе формира коалициска влада со Божидар Ѓелиќ како премиер. [Getty Images]

Како што и можеше да се очекува, блогерите во Србија имаа многу што да кажат за парламентарните избори и можностите за формирање коалициска влада.

„Се чини дека сите победија на овие избори. Сите прославуваат нешто“, пишува Reluctant Dragon. „Највеќе места во парламентот, најдобар резултат досега, не најлош резултат досега, влез во парламентот, силна преговарачка позиција, најуспешна кампања, најубава насмевка. Некои славеа цела вечер на веста за победа на радикалите, додека други се радуваа на триумфот на демократскиот блок“.

„Но, јас не прославувам. Не сум среќен со резултатите. Тие се далеку од она што очекував, но јас, на некој начин, се надевав на чудо.“

Тажно е тоа што луѓето се толку глупави што „паднаа“ на реториката на радикалите, чудно е тоа што социјалистите на Милошевиќ сé уште можат да влезат во парламентот, и разочарувачки е тоа што реформистичките демократи и либерали не добија повеќе гласови, пишува тој. Што се однесува до демократскиот блок, кој беше промовиран како победник во неделата, тоа е само „мит“.

Belgrade 2.0 се чувствува помалку разочарано. Најпосле, овојпат имаше позитивни, исто како и негативни изненадувања. Можеби либерал-демократите заслужуваа повеќе гласови, но барем за првпат влегоа во парламентот. Сега Србија чека да види дали Коштуница и неговата ДСС, кој има намера да го задржи премиерското место, ќе изненадат придружувајќи им се на радикалите.

Тоа најверојатно нема да се случи, пишува тој. „Тоа би било политичко самоубиство за нив.“

Изборните резултати се „сé само не јасни“, пишува James Lyon. „Има значителна шанса да не може да се формира влада во предвидениот законски рок од 90 дена, што би довело до распишување на нови избори. Ако биде формирана влада, таа може да биде малцинства влада со премиер од ДС (веројатно Ѓелиќ) во коалиција со Г17 Плус и ЛДП, со поддршка од ДСС. Се чини дека Коштуница ќе учествува во мнозинста влада со ДС само ако тој биде избран за премиер, како и без учество на ЛДП. Најверојатно малцинските партии би влегле во коалиција со секој кој ќе формира влада. Партиите само што почнаа да ги проценуваат своите иницијални позиции и постизборните резултати и од сите страни се шират гласини.“

Лион забележува една важна промена овојпат: за првпат ДС имаше лоши резултати во своето традиционално упориште, Белград, заостанувајќи зад радикалите.

„Дали некој во ДС сфаќа колку е ова сериозно?“, прашува тој.

Според Branislav Kovac, изборите потврдиле дека националистичкиот блок и понатаму има солидна база на поддршка, додека оние кои се за реформи и модернизација се сé уште на маргините.

И покрај тоа, пишува тој, Европа и остатокот од светот најверојатно ќе види во овие избори знак дека работите во Србија се подобруваат. Најпосле, „имаше релативно малку нерегуларности ... медиумите беа релативно фер, во споредба со она што го трпевме во времето на Милошевиќ“.

Поврзани написи

Loading

Србите сега може да очекуваат оддолжено пазарење помеѓу Коштуница и Тадиќ, при што меѓународната заедница „ќе врши огромен притисок врз нив да постигнат договор и да избегнат нови избори“, предвидува тој.

И на крајот, малку носталгија, од anegdote.

„На првите избори со тајно гласање во Југославија, како што оди приказната, еден човек отишол на избирачко место да гласа. Добил запечатен плик од персоналот. Кога прашал дали може да го отвори пликот и да види за кого да гласа, добил негативен одговор.“

На крајот на краиштата, тоа било тајно гласачко ливче.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар