Специјален третман за Главаш?

03/11/2006

Одложувањето на апсењето на една моќна политичка фигура претставува доказ дека сите граѓани не се еднакви пред законот, вели еден хрватски блогер.

Од Balkanblogs за Southeast European Times – 03/11/06

photo

Бранимир Главаш. [Getty Images]

Хрватските блогери имаа многу што да кажат за контроверзноста околу Бранимир Главаш, поранешниот заменик на ХДЗ, кој е под истрага во врска со воените злосторства во градот Осиек. Главаш командуваше со одбраната на Осиек за време на конфликтот во периодот 1991-1995 година и властите сакаат да откријат дали тој бил вмешан во тортурата и убивањето на српските цивили.

Дури откако државниот обвинител побара Главаш да биде ставен во притвор, мораше да помине некое време. Истражниот судија во Осиек, Марио Ковач, донесе пресуда дека случајот не е во негова надлежност. Главаш конечно беше уапсен на крајот од октомври и набргу потоа започна штрајк со глад во знак на протест поради неговото притворање.

За некои, одложувањето го покажа специјален третман, кој го имаат влијателни политички фигури во регионот.

„Сé што направија досега беше префрлање на надлежноста од еден суд на друг“, пишува Croatian.Nauseous.News. „Без дури и да разговараме за тоа дали Главаш е виновен или не -- што ќе биде утврдено за време на судењето -- ние можеме да видиме дека, во споредба со кој било друг граѓанин на оваа земја, Главаш секојдневно добива различен третман од судството.“

Во меѓувреме, opinioiuris изразува загриженост дека превирањата што ја следат кривичната постапка против Главаш би можеле да ги поткопаат напорите на Хрватска да покаже дека може да се справи со случаите на воени злосторства.

Трибуналот на ОН во Хаг сака да й ги предаде таквите случаи на Хрватска, како дел од својата излезна стратегија. Но, правните и политичките ујдурми околу Главаш не покажуваат дека Хрватска е подготвена за тоа, пишува тој.

„Ако случајот на Главаш претставува пример за тоа што може хрватската јавноста да очекува во судските процеси против поединците кои извршиле злосторствата против Србите, тогаш дури и основните услови за префрлање на случаите од Хаг -- независноста на судството и правото на фер судење -- се чини дека се сериозно загрозени“, заклучува opiniorusis.

RAGE, пак, смета дека ова е повеќе работа на политичка одмазда.

Поврзани написи

Loading

„Од минатиот април, кога Главаш ја напушти ХДЗ, се води негативна кампања, како и оцрнување и заговор против осиечкиот можен играч“, пишува тој. „Овие настани покажуваат дека предизборните игри добиваат на интензитет и дека сите се обидуваат да извлечат корист.“

Исто во Хрватска:

Runngun е загрижен дека премногу англизми и други странски зборови се вовлекуваат во хрватскиот јазик. Луѓето сé повеќе ги користат тие увезени зборови, дури и кога нивното значење може да се изрази со хрватски збор појасно и попрецизно. За да се подобри ситуацијата, пишува тој, едно хрватско списание организираше натпревар за најдобар хрватски збор.

„Тие сакаат да ги инспирираат луѓето да прекинат со користењето англизми и да ги користат хрватските изрази наместо странските. Тие дури нудат и награди од 1.000 до 2.000 куни за најдобрите предлози. Ако смислите нешто, ова би можел да биде лесен начин да заработите пари.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's