06/10/2006
Нервозите се природни, но и ЕУ и нејзините нови балкански членки ќе заклучат како да ги надминуваат во од, пишува бугарски блогер.
Од Balkanblogs за Southeast European Times – 06/10/06
![]() Статyа од времето на комунизмот се натпреварува за внимание со модерните графити во Софија. Државите на поранешниот источен блок Бугарија и Романија ќе пристапат во ЕУ во јануари. [Getty Images] |
Чекањето заврши. Минатата недела Европската комисија конечно се изјасни: Бугарија и Романија ќе бидат добредојдени во семејството на ЕУ на 1-ви јануари 2007 година, иако со одредени ограничувања. Пишувајќи пред оваа вест, Krasitta се осврнува на ситуацијата.
„Денес ќе ни кажат дека ќе можеме да влеземе во ЕУ ако, се разбира, исполниме бројни услови како што се средувањето на нашиот устав и судството и справувањето со корупцијата и различните болести кои ги напаѓаат свињите. Сите овие работи, ако не бидат соодветно решени, ќе фрлат дамка на инаку безгрешната ЕУ. Сепак, факт е дека мораме да се справиме со илјадници други работи кои кутрите Европејци никогаш не ги чуле и најверојатно никогаш и нема да ги слушнат.“
Не е тајна дека луѓето во ЕУ не се подеднакво среќни со процесот на проширување, вели Krasitta, додавајќи „и јас не ги сакам некои од нив“.
Сепак, таа заклучува дека секој мора да научи да се снаоѓа во новиот дух на взаемна толеранција.
Во Романија, Boo смета дека би било корисно ако луѓето од Запад дознаат за некои специфичности на идните земји-членки на ЕУ. На пример:
„Фактот дека мрежата на подземна железница не покрива ниту половина од главниот град. Хаотичниот сообраќај и имагинативниот, во најмала рака, паркинг. Недостатокот на дрвја и фактот дека наместо да садиме нови, ние ги сечеме и оние што ги имаме.“
Друг романски блогер, Feneka, не е сигурен дека сé се движи во демократска насока.
„Парламентот наскоро ќе гласа за законот кој сериозно ќе ги ограничи двете основни права: слободата на говорот и слободата на мислата“, пишува таа. Легислативата ќе забрани секаков вид, начин, чин или дејство на верска клевета или омраза, како и јавна навредна на верските симболи.
Тоа значи дека „одредени рок концерти, филмови, книги или театарски претстави можеби ќе бидат забранети или цензурирани во Романија“, тврди Фенека.
Од други места во регионот:
Според Umornikonj, секогаш можете да погодите кога е време на избори во Босна и Херцеговина -- патиштата одеднаш почнуваат да се поправаат.
„Ако имавме избори секоја година, а не секоја втора година, ќе имавме подобри патишта од Германија. Тие ставаат дури и конуси по патиштата, така што можете да возите како да играте видео игра“, пишуваат тие.
„Што се однесува до бројот на политичките партии... ние сме многу напредни и на ова поле. Приближно секој граѓанин има партија. Што да ви кажам -- имаме две ХДЗ партии. Не една, две. Нова и стара -- има за секого по нешто.“
На shekulliblog, Elisabeta Ilnica пишува дека е загрижена за новиот тренд во албанскиот бизнис: фирмите вработуваат исклучително згодни млади вработени. Атрактивниот изглед може ги надомести недостатоците во резимето, но не секогаш важи и обратното.
„Јас не сум против убавината -- напротив“, пишува таа. „Но, но се прашувам: Дали овие жени се паметни колку што се убави?!“
Коментирајќи околу ова, Gur вели дека има само два услови да се добие работно место во Албанија: „да имаш врски со некој во власта, ако сакаш да работиш во администрација, или да бидеш убав“. Ништо чудно што земјата страда од излив на мозоци, заклучува тој.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's