29/09/2006
Погрешните информации може да се рашират многу брзо -- како што сметаат некои српски блогери, со тоа што бироата за вести и онлајн весниците доаѓаат до истите приказни и ги пренесуваат низ целиот свет.
Од Balkanblogs за Southeast European Times – 29/09/06
![]() Кафуле на отворено во центарот на Белград. Лажна приказна за кафуле, наводно, наречено според најбараниот терорист во светот, Осама бин Ладен, беше објавена како вистинита од страна на неколку медиуми. [Фотографија за SETimes на Роберт Хершбах] |
Интернетот претставува огромен посредник за вести и информации. Тој е, исто така, понекогаш добар и за пренесување на гласини, инсинуации, лажни тревоги и измами. Можеби магијата на лесниот пристап до светските настани не прави полековерни, или можеби нема доволно проверувачи на фактите за да се одржи чекорот со приливот на податоци.
Желни да проверат колку лесно може да се влезе во сајбер просторот со сензационални вести, еден пар српски блогери овој месец намерно лансираа лажни натписи, само да видат што ќе се случи.
Ilegalni poslasticari започнаа со разговори за наводното „Кафе Осама“ во Белград. (Измисленото) кафуле, наводно, морало да го промени своето име под притисок на властите и навредените дипломати. Медиумите низ целиот свет ја пренесоа оваа вест, секој од нив давајќи свој поглед на истата. За жал, малкумина се потрудија најпрво да проверат дали приказната е навистина точна.
Неколку дена подоцна Mirror B92 лансираше друга измама, за белградски лимар вклучен во профитабилен бизнис на производство на лажни хрватски регистарски таблички -- за Србите кои планираат одмор во соседната земја.
Босанските, хрватските и словенечките медиуми ја пренесоа приказната, која ги поттикна законодавците да повикаат на воведување побезбедни регистарски таблички, кои нема да може лесно да се фалсификуваат.
Во интервјуто за Вреme и телевизија Б92, измамниците на Ilegalni poslasticari рекоа дека само се обидувале да го свртат вниманието на тоа дека медиумите, без оглед колку се угледни или сериозни, ќе објават сé што се чини доволно интересно и провокативно.
И покрај тоа што приказната за „Кафе Осама“ беше несериозна, истата ја покажува моќта на влијанието на медиумите врз перцепциите за некои посериозни прашања, тврдат тие.
Од измислени вести, се свртуваме кон телевизиската реалност. Друга жешка тема оваа недела во српската блогосфера беше „Велики брат“, локалната верзија на меѓународно популарното шоу Big Brother (Голем брат).
„Big Brother ја окупираше Србија!“, пишува lonelyrider. „Ова е само едноставен психолошки експеримент -- се затвораат 13 луѓе три месеци, се принудуваат да живеат заедно и да се сакаат или да се мрзат меѓу себе! Кога ќе видите мајмуни во зоолошка градина, тие се однесуваат сосема исто, но не ми изгледа дека уживаат во тоа!“
Armagedon е подналутен. „Big Brother не учи да станеме воајери и егзибиционисти -- луѓе на кои ништо не им е свето -- и кои ќе продадат сé за пари ... ова е социјална и психолошка порнографија“, се противи тој.
„Ајде Big Brother, покажи ни што друго знаеш. Ние сакаме да го признаеме овој наш мазохизам, сакаме да го гледаме, да се смееме колку ниско можеме да паднеме и како можеме да лазиме, колку евтино се продаваме и како ги покажуваме своите слабости. Ние ќе аплаудираме на секоја ваша желба, бидејќи вие не плаќате и потоа се поигрувате со нашите глави, и ние не се жалиме бидејќи стануваме зомби кои ја продаваат својата душа за 100.000 евра.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's