25/08/2006
Луѓето можат и успеваат да ги изменат нашите перцепции за светот како што учиме повеќе, пишува еден блогер во Белград. Исто така оваа недела: одморање во Црна Гора, исчезнувањето на шумите во Албанија и навидум непроменетиот проблем со мито во училиштата.
Од Balkanblogs за Southeast European Times – 25/08/06
![]() Членовите на Меѓународниот астрономски сојуз гласаат за дефинирање на планета во четвртокот (24-ти август), за време на церемонијата на затворање на 26-тото Генерално собрание на организацијата во Прага. [Getty Images] |
Марко на Reluctant Dragon размислува во врска со неодамнешната измена на картата на соларниот систем. Сигурни сте дека постојат девет планети? И дека една од нив се вика Плутон? Размислете повторно. Дури и она што сме мислеле дека се цврсти факти може да се промени за еден ден, со што неколкудецениските учебници одеднаш стануваат застарени.
„Се разбира дека опседнатите со заговори (кои секогаш ги има) може да тврдат дека зад последната промена се крие меѓународното лоби на печатарите, кои веќе ги тријат рацете и се оближуваат поради профитот од печатењето на новите учебници, речници и енциклопедии, но јас сметам дека нема ништо лошо во тоа.
„Тоа докажува дека науката е жива и здрава, благодарам многу. И уште може да го измени нашиот свет.“
И покрај тоа што законите на природата се надвор од контрола, ние можеме и успеваме да ги модифицираме нашите перцепции за универзумот како што стекнуваме знаење, продолжува Марко. „И тоа е прекрасно. Тоа ни покажува дека ниту еден систем создаден од човекот не е вечен и отпорен на измени, без оглед на тоа колку сме навикнати на него. Порано или подоцна дознаваме нешто ново, околностите се променуваат, реалноста стапува на сцена и ние мораме да ја прифатиме и да продолжиме понатаму.“
Картата на Европа, исто така, се менува во интервали -- драстично во 1990-тите, со крајот на Советскиот сојуз и распадот на Југославија. Оваа година, Црна Гора стана најновата држава на континентот. Приштинскиот блогер Kushtrim Xhakli одлучи да оди таму, прва негова посета во последнава деценија.
„Првите впечатоци ме вратија десет години наназад кога ја видов границата во Црна Гора -- граничната полиција ништо не провери и само не пушти да продолжиме по патот. Значи ништо не се променило! Ха!“, пишува тој.
Од друга страна, тука е новиот Црногорски тунел, долг 4260 метри и изграден по западноевропски стандарди, за околу 70 милиони евра. Тој е „навистина импресивен“ а, исто така, штеди многу време.
Но, растечкиот туризам носи и некои не толку добредојдени промени -- сообраќајни јазли, пренатрупани улици и претприемачи на плажите „кои се обидуваат да соберат пари со фотографирање на децата со големи змии и други животни“, пишува Џакли.
Во Албанија, пак, Flori е загрижен за промените на животната средина, особено губењето на шумите. „Користењето за личен профит, како и изградбата на голем број згради без дозвола или некаква еколошка студија, води кон исчезнување на шумите кои постоеја околу Тирана“, пишува тој, наведувајќи податоци од Националната агенција за животна средина.
Незаштитата на шумите од страна на локалните власти и властите за животна средина придонесува за проблемот“, додава Флори.
Пишувајќи на peshkupauje, Банаго Земершкиптари би сакал да види важни промени во школскиот систем: стопирање на раширената практика на земање мито. На крајот од секоја учебна година, вели тој, некои ученици заминуваат со полни мозоци, а други со празни џебови.
„Како е можно по 16 години, овој систем да не се измени, туку да продолжи да покажува корупциски скандали?“, пишува коментатор. „Ништо не е изменето, дури и со доаѓањето на власт на новата влада.“
Течење и стабилност, напредок и вкоренетост -- тоа е светот во кој ние живееме. Придружете ни се повторно следниот петок за серија нови блогови и теми.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's