Блогови: револуција на медиумите?

11/08/2006

Некои едноставно не ги сфаќаат, додека други гледаат потенцијал. Исто така оваа недела: Интернет зависност, Албанија и процесот на интеграција во ЕУ и антикорупциските напори во Бугарија.

Од Balkanblogs за Southeast European Times – 11/08/06

photo

[Getty Images]

Дали блоговите му вдишуваат нов живот на новинарството или се само уште еден вид на Интернет отпад? Неодамна на BiHnet се водеше дебата околу ова прашање, а одговорите беа различни.

„Има голем број млади таленти во блогсферата“, рече еден коментатор, истовремено изразувајќи разочараност од напорите за користење на блоговите од страна на познатите новинари и писатели. Друг рече дека сé уште не нашол локален блог кој ќе го задржи неговото внимание повеќе од пет реда.

„Некои луѓе добија можност да им досадуваат на луѓето на уште еден начин ... чисто губење сообраќај!“, пишува тој.

Lelly на Buduca novinarka смета дека блоговите се корисни, но ги претпочита оние со личен печат. „Има неколку блогови кои редовно ги читам, каде што луѓето едноставно пишуваат за себеси. Јас имам свој блог, но претежно пишувам за работите што ми пречат... тоа е едноставно едно мало место што честопати го посетувам.“

Пишувајќи од Србија, пак, Ivana дијагностицира што звучи како тежок случај на веб-зависност.

„Бев ужасната кога сфатив дека сум зависник“, пишува таа. „Не сум алкохоличар, пушач или наркоман - јас сум Интернет зависник. Седнувам тука и наместо да пијам кафе на мир и да пишувам нешто што сакам да напишам, јас го отворам и затворам мојот „фајарфокс“ на секои 15 минути ... чувстувам притисок во главата како резултат на непотребната нервоза.

„Дури и кога одам во кревет морам да го отворам мојот мобилен телефон и да ја стегнам малата сина буква и и да поминам низ емајлите, вестите, мојот блог, мојата банковна сметка - поточно мојата негативна сметка ... како да се случило нешто важно во изминатите час или два или од последниот пат кога се вклучив.

„Сé помалку размислувам за мојот одмор во ноември, а сé повеќе размислувам да купам нов лаптоп ... Луѓе, дали има лек за ова?“, прашува Ивана.

Од другите места:

Албанците треба повеќе да разговараат за процесот на интеграција во ЕУ, пишува Менто Беќа во shekulli. Наместо тоа, кога и да се појави на површина оваа тема, „дебатата е затворена, како да е натприроден термин - нешто непобитно, и добро испратено од Бога за Албанија.“ Коментирајќи за својата позиција, Илир Авдиај се согласува дека политичките водачи и јавноста треба да разменат ставови за оваа тема. „Интеграција сама по себе не може да биде доменот. Доменот е развојот на земјата и во таа насока нашите политичари треба да вложат поголеми напори.“

Поврзани написи

Loading

Но, Бледат Зани е убеден дека ова ќе се случи кога ќе продолжи Процесот за стабилизација и асоцијација. „Свесноста на луѓето ќе стане поважна во втората фаза“, пишува тој.

Во Бугарија, Boycho Kamenov дебатира за тврдењето на премиерот Сергеј Станишев дека бугарскиот народ е тој кој треба да ја елиминира корупцијата. „Ова е точно, но не сосема. Премиерот е во право дека од нас зависи дали ќе биде запрена корупцијата, но ние тешко ќе го постигнеме тоа поради стуктурата на владата. Почвата за корупција останува плодна пред сé поради тоа што управувањето не е добро организирано, најблаго кажано. Нема потреба да се споменуваат специјалните налози за купувања на владата и отстапките со кои државата всушност ја легализираше корупцијата.“

„Ако како што вели премиерот, ние треба да сме успешни во борбата против корупцијата, најпрво мора да погледнеме на нашиот гломазен систем на управување и да ставиме крај на усвојувањето на различни одредби кои практично ја легализираат корупцијата“, пишува Каменов.

И тука завршува овонеделната турнеја низ балканската блогсфера. Придружете ни се следниот петок за следното продолжение и испратете ги вашите коментари на info@setimes.com.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар