Натисканите идили на август

04/08/2006

Хрватски блокер прашува: дали е сé уште рај ако половина планета е таму со вас? Исто така оваа недела: средовековниот фестивал Сигишоара, забраната за пушење на јавни места во Албанија и царинска конфузија на српско-црногорската граница.

Од Balkanblogs за Southeast European Times – 04/08/06

photo

Подобро во есен? [Getty Images]

Во август, повеќето луѓе се или на плажа или сакаат да бидат на плажа. Сепак, хрватскиот блогер Runngun, вели дека повеќе би сакал да биде на планина. „Го сакам свежиот воздух на Горски Котар, неговите златни пасишта и дивината“, пишува тој. Јадранскиот брег и островите, според него, најдобро е да се остават за почетокот на есента, бидејќи за време на летото таму има премногу туристи.

Хрватска ги отстранува сите пречки за зајакнување на јадранскиот туризам, но големата количина и големата брзина би можеле да донесат катастрофа, според Runngun. „Големиот прилив на гости може да му наштети на туризмот, порано или подоцна. Не во финансиска смисла, се разбира, туку штета на убавината и романтичното чувство по кои нашиот брег -- и нашата земја -- се познати. Сé има свој сопствен капацитет, зар не? Ако, на пример, потребата од вода го надмине капацитетот на системот за водоснабдување, знаете што ќе се случи. Истото важи и за туризмот.“

„Секогаш треба да се остави простор да уживаме во убавата околина, а не да се плашиме дека некој ќе не прескокне“, пишува тој.

Ако Хрватска има свој брег и острови, Романија ги има своите трансилваниски тврдини и фолклор. Една од главните летни атракции во земјата, средновековниот фестивал во Сигишоара, се случува на крајот од јули. Gabi Nistorian вели дека атмосферата на тридневниот фестивал е незаменлива -- „единствен дух кој секој мора да го почувствува еднаш годишно!“ Но, зошто, се чуди тој, плакатите на претпријатието за мобилна телефонија беа излепени на средовековните градби? Треба ли да го замислиме Влад Тепес како паузира од колежот за да напише СМС-порака?

Gabi, исто така, не е воодушевен од мерките што се преземаат против луѓето што пијат на фестивалот? „По концертите туристите се собираат на улиците или во камповите и пеат. Во оваа атмосфера не ја разбирам улогата на жандармеријата и нивните парични казни за оние што пијат пиво. Зар не е идејата луѓето добро да си поминат?“

Пушењето на јавни места, пак, повеќе не се толерира во Албанија, бидејќи владата таму се обидува да ја намали стапката на пушачите -- што е помеѓу највисоките во Европа. Баровите каде што нема да се почитува законот ќе плаќаат стотици евра. Како што покажува и дискусијата на peshkupauje , мислењата се различни.

Еден коментатор ја нарекува „многу добра иницијатива“ и предлага друг чекор: зголемување на даноците за цигарите како дестимулација. Друг не се согласува. „Не можете да ги спречите луѓето да пушат. Тоа е нивно право. Можете да го забраните на јавните места итн., но не и сосема да го откажете“, пишува таа.

Од другите места:

Поврзани написи

Loading

Поранешната заедница на Србија и Црна Гора е историја, но кажете им го тоа на некои луѓе на граничната контрола. Патувајќи од Србија, Mark Pullen вели дека не можел никаде да добие печат на пасошот додека влегувал или излегувал од новата независна Република Црна Гора. Еден „збунет“ цариник му рекол дека не може да добие печат бидејќи не ја напуштил земјата.

„Не сте биле во странство. Сте биле само на море“, му рекол цариникот.

Но, зарем тоа не значи преминување на меѓународна граница?

„Заборавете го тоа. Тоа не значи ништо. Не сте биле во странство. Пријатно“, инсистирал службеникот, враќајќи му го пасошот на Pullen и пуштајќи го да помине.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар