Корисниците на бесплатен софтвер ќе мора да плаќаат ... или да користат Linux

21/07/2006

Станува сé потешко потпирањето на пиратскиот софтвер, пишува еден бугарски блогер. Исто така во блоговите оваа недела: Избегнување на правилата на работните места во Романија, проблеми со преводот во туризмот и доброволците на ОКСФАМ бараат да се изгради нов мост во блокирано албанско село.

Од Balkanblogs за Southeast European Times – 21/01/07

photo

Бугарски цариник ги носи кутиите со пиратски софтвер, DVD-a и CD-a пред нивното уништување. [Getty Images]

Како што софтверските претпријатија сé подобро се борат против пиратеријата, некои луѓе се соочуваат со тежок избор, вели Grigor Gatchev. Скоро секој ден во Бугарија, пишува тој, компјутерските експерти имаат ваков тип разговори:

„Григор, си чул ли за некој нов начин за регистрирање на Windows XP?“

„Што си пробал досега?“

„Па, прво користев Javascript команда, но ја затворија таа дупка. Потоа се обидов да го отстранам Genuine Advantage Add-on со Manage Add-ons. Но, ја затворија и таа дупка. Потоа некој ми покажа трик со користење на Group Policy, но и тоа повеќе не функционира...“

„Знаеш што, ќе ти предложам нешто што ќе ги реши твоите проблеми со регистрирањето засекогаш.“

„Мислиш, да купам Windows? Нема шанси!“

Со оглед на тоа што неговиот познаник сметал дека ова е лоша идеја, Григор предложил алтернатива: Linux. „Нема да те чини ни денар“, вели тој во обид да помогне. Но, ни тоа не му проаѓа.

„Како може да се откажам од Windows и да чукам чудни команди како оние што ги имавме порано во ДОС? Знаеш кога ќе се случи тоа, нели!“

„Всушност, знам!“, одговара Григор. „Тоа ќе се случи точно 24 часа откако Windows ќе престане да ти работи додека не платиш за него.“ Разговорот завршува со непристојни зборови.

Од Романија, Opinii посакува властите да сторат нешто повеќе против избегнувањето на правилата на пазарот на труд.

„Отидов на пет интервјуа. По вообичаените тестови преминувавме на преговори околу платата. Барав одредена сума и тие се согласуваа. За среќа, прашував дали плаќањето ќе биде легално (дали целата сума ќе ми биде во договорот). На сите 5 места добивав ист одговор: Не. Им реков дека не можам да работам во претпријатие кое не работи по правилата. Тие беа изненадени од мојот пристап.

„За жал, ова е вообичаена состојба во романските претпријатија“, пишува тој, посочувајќи дека мал број бизниси се придржуваат на законот како суштинска вредност.

Во туризмот, пак, вообичаено се смета за предност познавањето на странски јазик. Но, не секогаш. Како што забележува Bytiqis на Southeast Europe Online , нецелосното познавање на еден јазик може да значи проблем.

Како пример тој става фотографија со знак поставен од некој смел Црногорец, напишан на албански јазик и очигледно наменет за косовските туристи.

Поради грешка во пишувањето, знакот наместо соби рекламира нешто друго. „Наместо dhoma тој напишал loma, што на албански значи „нечистотија“ или „вреќа за ѓубре“. Сепак, честитки за иницијативата!

Поврзани написи

Loading

Од другите места:

Доброволецот на ОКСФАМ Рашел де Фелис се обидува да обезбеди пари за изградба на нов мост во малото село Уре е Штренјте, во северна Албанија, пишува peshkupauje. Планинските порои го урнаа стариот мост пред неколку години, поделувајќи го селото. Не само што половина од жителите не можат да одат на лекар или на училиште, туку и единствениот пат што излегува од селото е од едната страна на клисурата. Иронично, името на селото буквално значи „скап мост“.

На Optmizmu, босанскиот блогер Treshnja се чуди на зголемените потрошувачки цени, со кои водењето на домаќинство е надвор од можностите на голем број млади лица. „Стапката на наталитет во Федерацијата на БиХ е во константно опаѓање“, вели Treshnja. „Тоа не е ништо чудно, со оглед на тоа дека голем број млади луѓе се без работа.“

Ова беше само избор од она со што се занимаваа балканските блогери оваа недела. Придружете ни се повторно следниот петок за нови коментари, анализи и анегдоти од целиот регион.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар