Капачиња од шишиња за инвалидски колички

12/07/2012

Проектот за собирање на илјадници капачиња од шишиња за една компанија за рециклирање во замена за инвалидски колички за лицата со хендикеп во Измир, Турција, брзо се прошири и во други земји.

Сафет Кабашај за Southeast European Times во Приштина - 12.07.2012

photo

Кораб Ахмети (лево), студент, ја започна иницијативата „капачиња за инвалидски колички“ во Приштина. Валон Османи е добитник на инвалидска количка. [Сафет Кабашај/SETimes]

Куштрим Ахмети од Косово ја доби идејата за собирање на капачиња од пластични шишиња во замена за инвалидски колички во 2010-та година кога виде како една мајка го носи своето дете инвалид во медицински центар во Измир, Турција, каде што тој беше на медицинска пракса.

Ахмети ѝ го предложи проектот „капачиња за инвалидски колички“ на измирската компанија за рециклирање „Музафер Пинарбаси Ислетмелери“. По првичното колебање, компанијата се согласи, нудејќи една количка за 250 килограми материјал за рециклирање, т.е. околу 60 000 капачиња.

Ахмети стави кутии во просториите на Универзитетот Еге во Измир, на кои пишуваше: „Ставајте ги капачињата од [шишињата] тука за инвалидски колички“. На сопствено изненадување, кутиите се наполнија брзо.

„Откако добивме широка поддршка во Измир, ние добиваме огромни количини на капачиња. Така, ние ја надминавме нашата цел од само една количка. Брзо успеавме да добиеме 20 колички“.

Поврзани написи

Loading

За кратко време, собирањето капачиња стана феномен, проширувајќи се надвор од границите на Турција. За помалку од две години, 44 земји учествуваа во проектот, а речиси 1 500 инвалидски колички беа дистрибуирани за лицата со хендикеп, главно во Турција.

Мустафа Урген, менаџерот на фабриката Пинарбаси, за SETimes изјави дека на компанијата ѝ претставува задоволство што е партнер на проектот и е посветена на останатите вклучени за промовирање на рециклирањето и помош за лицата со хендикеп.

Сомалија беше првата странска земја која доби колички со оваа иницијатива. Собирањето капачиња во моментов е популарно во Косово, каде Кораб, братот на Ахмети, го води проектот, кој и самиот е студент на Американскиот универзитет во Косово, каде што започна иницијативата.

Турската амбасада во Косово е еден од неговите партнери, превезувајќи капачиња за Измир, а ова лето ќе го испорача првиот контингент од 50 инвалидски колички во Приштина.

This text will be replaced
Запис | Подкаст
Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Земјите од регионот преземаат дејства против џихадиститеЗемјите од регионот преземаат дејства против џихадистите

Според експертите, владините мерки против учеството на локалното население во ИДИЛ се клучни за регионалната борба против тероризмот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Некои балкански земји работат заедно на одговор на нелегалните активности, како што е сајбер криминалот. Дали би сакале оваа соработка да се зголеми?

Да
Не
Не знам