17/05/2012
Неколку земји на Балканот ги охрабруваат девојките да размислат за кариера во сферите во кои традиционално доминираат мажите.
Ивана Јовановиќ за Southeast European Times во Белград - 17.05.2012
![]() Настанот „Ден на девојките“ има цел да ги поттикне девојките и младите жени да размислат за кариера во информатичката и комуникациската технологија. [Нада Божиќ/SETimes] |
Обидот да се запознаат тинејџерките и студентките со кариерите во дигиталната технологија прерасна во втор годишен настан „Ден на девојките во ИКТ“. Учествуваа неколку земји во Југоисточна Европа, меѓу кои и Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Целта на настанот „Ден на девојките“ одржан на крајот од април беше да создаде една глобална средина, која ќе ги поттикне и охрабри девојките и младите жени да размислат за кариера во информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) која користи дигитална технологија за поединци, фирми и организации.
Студентите ги посетија канцелариите на компаниите за информатичка и комуникациска технологија, академски институции, владини агенции и други институции кои се занимаваат со дигитална технологија, со цел подобро да се информираат и да ги разберат можностите во секторот за информатичка и комуникациска технологија.
Овој настан се одржува во последните десет години во светот, а од 2011-та година и во некои земји од Југоисточна Европа. Минатата година настанот беше по иницијатива на Министерството за телекомуникации на Србија, по што Денот на девојките во ИКТ официјално стана дел од календарот на настани на ОН.
Јована Миладиновиќ е на прагот да заврши основно училиште. Бидејќи одлуката кое средно училиште да го избере е првиот чекор кон пожелна професија, таа учествуваше на настанот во Белград оваа година.
„Јас сум заинтересирана за овие професии и мислам дека тие не се само за момчиња. Мислам дека нема машки и женски професии. Јас знам многу девојки кои се добри во математиката, физиката и други науки. Ако јас се одлучам да се занимавам со ваква професија мислам дека ќе имам шанса да патувам низ светот и да запознавам луѓе со исти интереси“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's