Ромите во Турција сакаат поголема општествена видливост

10/05/2012

Се проценува дека само 30 отсто од Ромите во Турција се писмени.

Менексе Токјај за Southeast European Times во Истанбул - 10.05.2012

photo

Поголемиот дел од ромската заедница во Турција е маргинализиран од општеството. [Али Мезрачоглу]

Ромската заедница во Турција ја измачуваат проблеми како голема невработеност, неписменост, станбени проблеми и сиромаштија кои придонесуваат за нивна општа маргинализација во општеството.

Драматично подобрување беше постигнато за нив пред две години кога владејачката АК Партија иницираше дијалог помеѓу владини претставници и претставници на Ромите. Во разговорите беа вклучени голем број на Роми од цела Турција, а официјалните претставници ги слушаа нивните проблеми и предлагаа решенија за нивна ефикасна интеграција во општеството.

Иако ромската заедница стана поприфатена, доби поголема видливост и подобрени социоекономски можности оттогаш, остануваат уште многу работи кои треба да се направат.

На врвот на листата на грижи се ниското ниво на образование, како и неписменоста која произлегува од тоа. Се проценува дека само 30 отсто од Ромите во Турција се писмени.

Сабахатин Агацбукен, жител на областа Долапдере во Истанбул и основачки член на Федерацијата на Ромите во Истанбул, зборуваше со SETimes за главните причини за алармантно високите броеви на неписмени лица.

„Нашите деца не можат да одат на училиште, бидејќи Ромите во Истанбул работат секојдневно за да врзат крај со крај. Тие заработуваат малку пари и даваат голем дел од нив за кирија. Така, тие не можат да си дозволат да ги испратат децата на училиште под такви околности. Се прашувам зошто нашите управители се уште не се обиделе да најдат решение за овој суштински проблем“.

Со ова се согласува Вурал Азујар, чистач на чевли од курдско потекло, чија жена е Ромка.

Поврзани написи

Loading

„Ние не треба да го потцениме фактот дека овие деца биле одгледани во семејства во кои никој, исто така, не одел на училиште. Нивните семејства не се обиделе да воспостават контакти надвор од нивните заедници, не грижејќи се да научат да пишуваат и да читаат, туку живееле во своите заедници. Значи, нивните деца не гледаат проблем да се откажат од образованието. Нивните семејства не очекуваат од нив да научат да читаат и пишуваат, туку да заработат пари што е можно поскоро“.

Азујар додава дека ромските деца не се ни обидуваат да научат некој занает или такви вештини кои ќе ги одвратат од шверцот и другите нелегални начини на заработување пари.

Турското Министерство за труд и социјална безбедност иницираше програми за вработување на илјадници Ромите на пазарот на труд.

Уште една пречка кај Ромите во Турција доаѓа од ограничувањата на актуелните невладини организации да ги бараат правата на Ромите - во образованието, вработувањето и учеството во социјалните програми. Недостатокот од единство помеѓу самите Роми е уште една причина за неуспевањето да се постигнат некои цели за подобрување на секојдневниот живот на ромската заедница. Во моментов, 130 асоцијации и 11 федерации низ целата земја работат на социјална интеграција и културно зачувување на Ромите.

This text will be replaced
Запис | Подкаст
Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар