09/02/2012
Најавите за затворање и намалување на меѓународните мисии во Косово ја зголемуваат загриженоста.
Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштина - 09.02.2012
![]() ЕУЛЕКС можеби ќе го намали својот кадар. [Лаура Хасани/SETimes] |
„Загрижена сум дали ќе останам без работа во јуни, дали ќе ја загубам мојата работа во ЕУЛЕКС, а дури и ако не бидам отпуштена во јуни, се очекува мисијата да биде затворена наскоро [во Косово]. Многу сум загрижена, бидејќи ќе станам дел од високата стапка на невработеност“.
Едвина К., моментално вработена во ЕУЛЕКС, која не сакаше да го даде своето презиме бидејќи стравува од казна, вели дека е многу загрижена поради очекуваното намалување на мисијата.
УНДП вели дека високата стапка на невработеност и сиромаштијата и понатаму се најкритичните проблеми со кои се соочува Косово денес.
Според „Извештајот за јавниот пулс“ на програмата за 2011-та година се вели дека Косово се бори со лошата инфраструктура и со политичката и со правната несигурност, кои резултираа со ограничен број на странски директни инвестиции, поради што економијата стана зависна од услужниот сектор, меѓународната помош и од дознаките од косовската дијаспора.
Стапката на невработеност во Косово е околу 45 отсто, највисока во регионот на Западен Балкан. Невработените во Косово се главно млади луѓе, жени и оние со ограничено образование.
Армијата на невработени наскоро ќе се зголеми за илјадници млади Косовари, што во моментов работат во преостанатите меѓународни мисии, што се очекува да бидат целосно затворени или да биде намален оперативниот кадар, вклучувајќи ги и Меѓународната цивилна канцеларија и ЕУЛЕКС.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's