Балканските земји нудат пасоши за да привлечат инвестиции

04/02/2013

Во обид да привлечат странски инвестиции, многу земји во регионот се свртуваат кон нова тактика.

Билјана Лајмановска за Southeast European Times во Скопје -- 04.02.13

photo

Неколку земји во регионот им нудат државјанство на странските инвеститори. [EУ]

Неколку земји во регионот им нудат државјанство на странците кои вложуваат големи суми, во обид да привлечат инвестиции во регионот, како и да повратат дел од странските директни инвестиции загубени во изминатите неколку години.

Според неодамнешниот извештај на виенскиот Институт за меѓународни економски студии, странските директни инвестиции во регионот се зголемиле за околу 26 отсто во 2011 година. Меѓутоа, зголемувањето, што не се очекува да се одржи, уследи по многу години високи загуби.

Романија е првата земја која започна да нуди државјанство за инвестиции и имаше иницијатива дури и пред економската криза да го погоди регионот. Мерката се покажа успешна, особено во привлекување инвеститори од Турција.

Романско државјанство може да се добие, на барање, ако едно лице живее во земјата легално најмалку осум години, или е во брак со романски државјанин најмалку 5 години. Условите се преполовуваат доколку барателот е познато меѓународно лице или е инвеститор.

Во 2009 година, сенатот усвои предлог од Тони Гребла, шеф на правната комисија на оваа земја, да се намали износот потребен за да се инвестира во Романија на 1 милион евра, наспроти износот од 5 милиони евра предложен од страна на владата.

„Јас имам постојана виза за Романија, ми кажаа дека автоматски ќе добијам државјанство кога ќе влеземе во ЕУ или Шенген. Имам семејство тука, имам дете. Добро би било да имам државјанство бидејќи сега јас сум странец и не можам да гласам или да поседувам земјиште; ако не се случи ништо, јас ќе се распрашам за 1-2 години. Јас сум дел од Романија, иако сум роден во Турција“, изјави Шукри Караслан, Курд кој поседува ресторани во Букурешт и Ѓурѓиу, заSETimes.

Македонија, која според извештајот на институтот претрпе околу 30 отсто загуба во инвестициите за 2012 година, предложи измени и дополнувања на законот за странци според кои ќе му биде понудено државјанство на секој кој ќе инвестира најмалку 400.000 евра и ќе отвори најмалку 10 работни места во земјата.

Во Албанија, владата неодамна го усвои законот за државјанство за натурализација на странците во случаи кога „Албанија има научен, економски и културен интерес“.

Според законот, секое лице што ќе инвестира повеќе од 147.000 евра во земјата ќе добие пасош.

photo

Инвестирањето 1 милион евра во Романија ќе резултира со државјанство. [AФП]

Слична мерка се очекува да биде усвоена од парламентот на Бугарија. Според предложените измени на законот за странци, кандидатите ќе треба да инвестираат најмалку 250.000 евра во некоја бугарска компанија ангажирана во индустријата, инфраструктурата, транспортот и туризмот.

Инвеститорите, исто така, ќе треба да имаат живеено во земјата најмалку една година. Купувањето на недвижен имот во вредност од 305.000 евра е уште еден начин да се здобијат со статус на постојан престој, според новите предлози.

Сегашниот закон му нуди статус на постојан престој на странец кој инвестира повеќе од 509.000 евра во јавни претпријатија или заеднички вложувања.

Георги Ангелов, виш економист во институтот Отворено општество во Софија, рече дека ваков закон треба да биде донесен по анализа на искуството на другите земји и проценка на ефектот што ќе го има.

„Она што го имаме сега е прилично теоретска дебата, без вистинско размислување било за условите или очекуваните ефекти", изјави тој заSETimes. „Не сум сигурен дека текстот што го имаме сега ќе помогне во привлекувањето странски инвестиции во бугарската економија поради високиот услов од една страна и можностите за негово заобиколување од друга.

Друг фактор од предлозите е да им се понуди државјанство, или подолготрајни визи, на странците кои купуваат имот во регионот.

На оние кои инвестираат повеќе од 40.000 во недвижности во Македонија ќе им биде дозволено да престојуваат таму една година. Во моментов, странските државјани мора да ја напуштат Македонија по три месеци.

„Постои практика во западна и централна Европа, а особено во Скандинавија, да се купи имот и инвестира во земјите од јужна Европа и да се помине многу време во овие потопли земји", изјави Александар Ѓорѓиев, владин портпарол, заSETimes.

Но, според економските аналитичари, државјанството може да биде попривлечно за инвеститорите од Азија, кои имаат пречки да патуваат во ЕУ. Повеќето земји во регионот имаат безвизен режим со европските земји.

„Тие навистина можат да ги искористат овие можности“, изјави Филип Блажевски, економист во Центарот за економски анализи, заSETimes.

Поврзани написи

Loading

Но, наспроти предлагачите на новите закони, некои остануваат скептични, плашејќи се дека законите ќе создадат дупка за терористите и криминалците.

„[Тоа е] мала сума на пари, говорејќи во релативна смисла, за една терористичка организација, која може да ја искористи територијата, нејзините можности и простори, која ќе им овозможи на нејзините членови да добијат албанско државјанство“, Илир Ѓони, пратеник на Социјалистичка партија, изјави за албанската телевизија „Скрин“.

Оваа практика беше прекината во 2010 година во Црна Гора, откако соборениот премиер Таксин Шинаватра на Тајланд доби државјанство и покрај обвиненијата за корупција со кои се соочи во неговата родна земја.

Дописниците на SETimes Светла Димитрова во Софија, Ерл Мурати во Тирана, Катица Ѓуровиќ во Подгорица и Габриел Петреску во Букурешт го дадоа својот придонес во овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар