Регионот очекува успеси и предизвици во 2013-та година

31/12/2012

Земјите од Југоисточна Европа ги очекуваат возбудливи политички, економски и социјални настани во годината што следи.

Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 31.12.12

photo

Неколку земји во регионот се надеваат дека ќе започнат преговори со ЕУ во 2013-та година. [AФП]

Геополитичката сцена во регионот ќе се промени во 2013-та година со пристапувањето на Хрватска во ЕУ, а преговорите со Брисел ќе доминираат на надворешната агенда на многу влади.

Економијата, исто така, ќе биде приоритет на многу главни градови бидејќи многу земји се соочуваат со дефицит и се обидуваат да го зголемат растот и покрај рецесијата која продолжува. Во некои земји, билатералните прашања ќе поттикнат или нарушат дополнителни дипломатски напори.

Пристапувањето на Хрватска во ЕУ е најважниот политички настан во 2013-та година за оваа земја. Хрватска ги заврши преговорите со ЕУ во 2012-та година и очекува официјално да пристапи во Унијата на 1-ви јули 2013-та година.

Здравко Петек, професор на Факултетот за политички науки во Загреб, рече дека со возможноста за пристап до фондовите на ЕУ, Хрватска ќе добие голем потенцијал, но искористувањето на таа моќ зависи од нејзините лидери.

„Искористување на фондовите на ЕУ сигурно ќе биде еден од клучните предизвици за Хрватска“, изјави Петек заSETimes.

Во јуни 2012-та година, хрватските граѓани официјално одлучија да се приклучат на Унијата на референдум, со 66,2 отсто од гласовите.

„Јас гласав за влез на Хрватска, но мислам дека нема многу нешта да се променат преку ноќ“, изјави 34-годишниот Дарко Брдаљ, сметководител од Загреб, заSETimes.

Косово очекува голем број на важни случувања во 2013-та година, почнувајќи со разговорите со Србија.

Се очекува премиерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, да се сретнат повторно во јануари со цел да разговараат за голем број на нерешени прашања, вклучувајќи ги царинските давачки, енергетиката, телекомуникациите и ситуацијата во северно Косово.

Белул Беќај, професор на Универзитетот во Приштина, изјави заSETimesдека разговорите со Србија ќе имаат влијание врз владејачката коалиција, која ќе се соочи со „едно поинакво расположение откако ќе биде решен проблемот во северниот дел“.

За Србија, најважното прашање во 2013-та година ќе биде почеток на преговорите со ЕУ. Се очекува преговорите да започнат во јули доколку бидат исполнети сите барања, но тоа ќе зависи од разговорите на релација Белград-Приштина.

„Начинот на кој Србија постапува со Косово ќе го одреди почетокот на преговорите. Новата платформа за Косово ќе биде во центарот на српските, косовските и меѓународните интереси“, изјави Зоран Стојилковиќ, професор на Факултетот за политички науки, заSETimes..

Бидејќи влијанието на светската економска криза се уште се шири, економијата, исто така, ќе влијае врз плановите за 2013-та година на повеќето земји.

Економистите предвидуваат дека Босна и Херцеговина (БиХ) ќе има најбавен економски напредок од сите земји во регионот во 2013-та година.

photo

Економијата ќе одигра голема улога во многу планови во регионот во 2013-та година. [AФП]

„Босна не може да преживее без заживување на економијата, но новите отворени работни места се само во државната администрација. Од друга страна, честите политички кризи се причините за повлекување на инвестициите на многу инвеститори“, Златко Хуртиќ, економски аналитичар, изјави заSETimes.

Со предвидениот попис во 2013-та година, БиХ може да очекува несигурна економија, мал извоз на стоки, недостаток на странски инвестиции и несомнено големи заеми од меѓународните финансиски институции.

Во Грција, рецесијата ќе влезе во својата шеста година во 2013-та година додека коалициската влада се обидува да опстои, да наметне уште еден бран на мерки за штедење и се надева дека поголема меѓународна помош ќе го одврати економскиот колапс.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас предупреди дека сé уште постои можност од банкрот доколку финансиските реформи се поткопуваат од повеќе протести, штрајкови и немири.

„Можеме да успееме следната година доколку успееме да се држиме до програмата договорена со ЕУ и ММФ", рече Стурнарас во интервју заФајненшал Тајмс,мислејќи на Тројката, која исто така ја вклучува и Европската централна банка, и која ја дава првата серија од 52,5 милијарди евра од спасувачките заеми, како дел од втората финансиска помош од 130 милијарди евра.

Алекс Сакелариоу, истражувач при Универзитетот Пантеион во Атина, изјави за SETimes дека 2013-та година „дефинитивно ќе биде година од клучна важност за Грција. После три години невидена економска криза, постојат знаци дека ситуацијата ќе се стабилизира до крајот на 2013 година“.

Политиката, исто така, ќе доминира на насловните страници во регионот.

Општите и претседателски избори во Косово доаѓаат по еден период на внатрешни избори во рамките на партиите за нивните водечки тела. „Големи настани ќе се случат во партиите, помеѓу партиите, во економските и социјалните прашања“, рече Беќај.

„Најважното прашање во овој поглед е поврзано со изборните реформи“, рече Беќај, додавајќи дека ова прашање, заедно со продлабочените социјални проблеми, ќе влијае на стабилноста на институциите и консолидацијата на власта.

Во Македонија, локални избори треба да се одржат во март 2013-та година. Најновата анкета на републиканскиот институт ИРИ покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има стабилна поддршка од 27 отсто.

Никола Груевски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува најпопуларниот политичар со 20 отсто поддршка, наспроти лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ Бранко Црвенковски, со околу 5 отсто.

Се очекува политичките тензии да продолжат да растат во Бугарија во следните неколку месеци пред следните парламентарни избори во летото 2013-та година, кога гласачите во оваа балканска земја ќе ги изберат новите пратеници од 240-члениот законодавен дом на земјата.

photo

Црна Гора и Македонија се две од земјите кои ќе одржат избори во 2013-та година. [AФП]

Бидејќи, како што се чини, ниту една партија нема да освои мнозинство за да владее сама, изборите се очекува да бидат проселедени со недели коалициски преговори.

„Тоа значи забавување на процесот на реформи, рече Јавор Алексиев, економист во софискиот Институтот за пазарна економија. „Реформите во застој обично имаат долгорочен [наместо краткорочен] негативен ефект што ќе се почувствува за време на [мандатот на] следната влада“, изјави тој заSETimes.

Во Романија, сите погледи ќе бидат вперени кон односот помеѓу претседателот Трајан Басеску и премиерот Виктор Понта, чија коалиција лесно победи на изборите на почетокот на декември. Старите ривали ќе мора да работат заедно до крајот на 2014-та година, кога истекува вториот мандат на Басеску.

Парламентарните избори на 23-ти јуни 2013-та година во Албанија се очекува да ја олеснат ситуацијата во земјата откако таа помина неколку години на насилна борба помеѓу владејачките демократи и опозициските социјалисти. Владејачките демократи влегуваат во осмата година на власт и се надеваатт да добијат кандидатски статус во ЕУ во 2013-та година.

Индивидуалните проблеми на неколку земји, исто така, можат да го достигнат врвот во 2013-та година.

Еден контроверзен референдум ќе биде приоритет на агендата во Бугарија во 2013-та година. Првиот референдум во оваа балканска земја од 1989-та година беше поттикнат од одлуката на Софија да се повлече од проектот за изградба на нуклеарна централа во Белене на реката Дунав. Гласањето ќе се одржи на 27-ми јануари.

Прашањето кое бугарските гласачи ќе мора да го одговорат ќе биде: „Треба ли нуклеарната енергија дополнително да се развива во Бугарија со изградба на нова нуклеарна централа?“ Над 62 отсто ја поддржуваат изградбата, а 37 отсто се противат, според анкетата спроведена од страна на Националниот центар за испитување на јавното мислење во ноември.

Романија ќе влезе во 2013-та со надеж за пристапување во новата Шенген шема откако политичките превирања минатото лето ја исфрлија земјата од патеката за влез во безграничниот простор.

Новата шема се очекува оваа пролет, по објавувањето на новиот извештај на Европската комисија за состојбата на реформите во на правосудниот систем во јануари, но ЕУ предупреди дека какви било други напади врз основните демократски институции можат да предизвикаат слични изразити реакции од страна на земјите на ЕУ.

Поврзани написи

Loading

Македонија очекува нови предлози за решавање на спорот за името, закажани за јануари 2013-та кога посредникот на ОН Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина.

„Се надеваме дека ќе има нови иницијативи и нови идеи за кои треба да разговараме. По посетата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун во Македонија, ситуацијата се промени“, македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави за SETimes.

Во јануари, се очекува да биде спроведена иницијативата на албанскиот премиер Бериша да им даде државјанство и пасоши на сите Албанци кои живеат во странство. Оваа иницијатива ќе им овозможи на косовските Албанци да станат државјани на Албанија, што се очекува да поттикне реакции од соседните земји.

Дописниците на SETimes Дражен Ремиковиќ во Загреб, Линда Карадаку во Приштина, Бедрана Калетовиќ во Сараево, Катица Ѓуровиќ во Белград, Светла Димитрова во Софија, Клаудија Лутовска во Скопје, Ерл Мурати во Тирана и Енди Дабилис во Атина го дадоа својот придобес во овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Воената медицина ги поврзува армиите на БалканотВоената медицина ги поврзува армиите на Балканот

Армиите во регионот ја унапредуваат соработката преку заеднички воено-медицински активности.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) е закана за Југоисточна Европа?

Да
Не
Не знам